1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пробив нема, но има напредок

Иран направи отстапка во спорот околу неговата атомска програма и во иднина планира облагородувањето ураниум да го врши во странство. Ова е чекор во вистинска насока.

default

Ако им се верува на некои т.н. експерти, се чини дека во натегањето околу атомската програма со Иран е постигнат пробив. Вистинскиот пробив е посакуван, но во суштина во случајов го нема. Зашто Иран, да биде јасно, нема да врши комплетно облагородување на својот ураниум во странство, туку се работи за проект. Преку Турција како посредник ќе биде вршена размена на 1200 килограми нискооблагороден, за 120 килограми 20 процентен, високооблагороден ураниум во текот на една година, под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија. Во исламската република и натаму ќе работат центрифугите за облагородување, а кај западниот свет ќе остане прашањето дали иранската атомска програма има мировни или воени цели.

Неспорно придвижување

Во сегашниот договор стои помалку отколку што некои сакаат да прочитаат од него, но сепак, дојде до придвижување и тоа во повеќе аспекти: прво, Иран покажа подготвеност за преговори. Навистина, за тоа беше потребно огромно трпение и одредени закани, но сепак, Техеран попушти и се согласи со посредништвото на Турција и Бразил, што е за поздравување.

Второ: исламската република прифати разговори со посредство токму со Турција и Бразил, земји во развој, што не само што го потврди нивниот имиџ, наспроти вето-силите од Западот, туку со тоа се извлече и самата малку од сопствената изолација. Дилот, значи, Махмуд Ахмадинеџад може да го продаде во Иран како победа.

Трето: новите санкции, како што најавија САД и нивните сојузници, уште се во игра. Зашто, бараната поголема транспарентност околу иранската атомска програма де факто се‘ уште је нема. Истовремено, на Западот му годи воздржувањето од натамошни закани со санкции, зашто во Советот за безбедност на ОН, во кој моментно спаѓаат и Турција и Бразил, ни оддалеку не е обезбедно мнозинство. Освен тоа, сега Запад може да го држи иранскиот претседател Ахмадинеџад за збор. Тој, имено, вчера ја лансираше паролата за нови разговори со вето-силите и Германија.

Не треба да се заборави, крајно, дека Иран моментно ни одблизу не е толку силен колку што сака да се претстави. Владата на Махмуд Ахмадинеџад речиси нема поддршка во сопствената земја. Заради тоа, демонизирањето на Исламската република, што го вршат одредени сили, не е многу паметен став.

Автор на коментарот: Улрих Пик

Превод: Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска