1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пробив? земјите во развој против обврзувачки договори за климата

Водечките индустриски земји ги повикаа земјите во развој на засилени напори за заштита на климата. Земјите како Кина, Индија, Бразил, сметаат дека за актуелната состојба, главни виновници се токму индустриските земји.

default

Шефовите на држави и влади симболично засадија дрвја

Покрај барањето за прземање водечка улога во борбата за заштита на климата, земјите во развој, побараа од членките на Г 8 да ги отстранат трговските бариери и земјоделските субвенции. Целта според нив, треба да биде создавање на еден праведен и отворен трговски систем.

САД дадоа согласност за пакетот за заштита на климата

За разлика од претходно сега и САД ги прифатија утврдените цели на земјите на Г 8, емисијата на штетни гасови до 2050 двојно да се намали. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, изрази надеж дека САД, под водството на идниот претседател ќе направат натамошни отстапки во врска со мерките за заштита на климата.

На маргините на самитот во Тојако, Бан зборуваше за можностите дали договорот за заштита на климата може да биде спроведен уште за време на мандатот на Џорџ Буш „Практично кажано можеме да очекуваме дека новиот претседател на САД, без разлика кој и да е, ќе мора да демонстрира политичко лидерство, веднаш откако ќе положи заклетва на функцијата. Претходно, администрацијата на престедателот Џорџ Буш треба да го отворат патот за непречена транзиција кон идната администрација.“

Значаен чекор

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази задоволство од постигнатиот резултат на самитот: „Во однос на климата може да се каже дека е направен значаен чекор напред во однос на Хајлигендам. Работите околу кои во минатата година доста дебатиравме, годинава целосно ги разсјаснивме.“ изјави Меркел

Задоволен е и претседастелот на Европската Комисија, Жозе Мануел Барозо „Направен е прогрес, но не е сеуште 100% успех. Да кажеме дека станува збор за хармонизирање на целите“ изјави Барозо.

DW.COM