1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Пробивот на „Флорена„

Приказната за фабриката за парфеми и тоалетни сапуни во Валдхајмер, во покраината Саксонија, почнува во 1852 година. До денес е марка, пред се во источниот дел на Германија. Станува збор за Флорена, позната и доволно силна фирма да го преживее падот на Берлинскиот ѕид.

По годината на промените, Флорена, во која дотогаш работеа 760 вработени, никогаш веќе не се доближи до тој број. Денес, сепак, таму работат 380, по најниското ниво од само 150 во 92-та година. Од пред точно 50 години оваа фабрика го полни кремот „Флорена„ во сини дози. Статистички гледано, неа ја има во секој втор германски дом. Фирмата ги преживеа тешките години благодарение на руската зделка, зашто старите клиенти бараа само ново и тоа на Запад. Шефот на управниот одбор Детлеф Фрајхорст на една прес конференција во Дрезден со коментар:

„Руската зделка беше многу пониска, но перманентно растеше до 97-та година. Едно не смее да се заборави: како економскиот бум во Русија во последниве пет-шест години, никогаш немало. И беше вистинска поддршка во бизнисот„.

До денешен ден целиот извоз заминува во Источна Европа. Скоро 90 насто во Русија, Белорусија и Украина, другото стигнува на регалите во Романија, Бугарија и во балтичките земји. На прашањето зошто бизнисот не се шири во Полска, следува лапидарен одговор: воопшто не е направен обид. Таму го има Нивеа кремот. Како главен столб се напорите на домашниот пазар во кој е постигнат плус од 4 насто и тоа во времето кога на пазарот за козметика во Германија е забележан пад од 1,7 насто. Поранешните клиенти повторно се вратија. Во сите источно-гремански дрогерии може да се најде „Флорена„, но одамна не и на запад. Меѓутоа, и таму постои можност, како што обајснува менаџерот Михаел Хенел:

„Некои производи веќе ги продаваме преку интернет. И токму тоа е интересното: многумина во старите покраини, посебно млади, се привлечени да купуваат преку интернет, зашто не можат да ги најдат производите во тамошните продавници. На пример во јужна Германија, во регионот на Штутгарт. Таму поставуваме корени. Марката е позната и тоа треба да се негува. Тоа е нашиот апсолутен фундамент. Но, нема да се обидуваме да продреме на запад ако нема економска смисла„.