1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пријателство наместо недоверба и конкуренција

Американскиот претседател Барак Обама на заедничката прес-конференција со кинескиот претседател Ху Џинтао во Пекинг, порача дека односите меѓу САД и Кина никогаш порано немале толку важна улога.

default

Дијалог на исто рамниште: Обама и Ху Џинтао во Пекинг

Барак Обама на прес-конференцијата во Пекинг изјави дека неговата земја останува на определбата за отворени пазари. САД и Кина мора да им се спротивстават на тенденциите за протекционизам во екот на светската економска криза и да го продолжат дијалогот на рамноправни основи. Оваа изјава се однесува на тензиите меѓу двете големи економски сили, што се појавија поради одделните трговски ограничувања, во САД за увоз на кинески гуми за автомобили и во Кина подоцна за автомобили од САД.

Признание за улогата на Кина

Обама исто така призна дека Кина одиграла важна улога во надминувањето на длабоката финансиска и економска криза во САД. Кинескиот претседател Ху Џинтао, пак, манифестираше загриженост дека слабиот долар би можел да ја намали реалната вредност на кинеските инвестиции во САД. Кина е, имено, најголем странски вложувач во американската економија.

Barack Obama und Hu Jintao / Peking

Постои ли сепак Г 2? Обама и Ху Џинтао при интонирањето на химните во Пекинг

На заедничката прес-конференција двајцата претседатели се осврнаа и на други важни прашања во билатералните односи. Така, Барак Обама повика на придржување до универзалните човекови права. Тој и претходно, при говорот пред студентите во Шангај, се заложи за тоа:

„Не се обидуваме да и’ наметнеме на ниедна нација никаков систем на владеење, но исто така не сме уверени дека принципите за кои се залагаме се специфични само за нашата нација. Овие слободи на изразување и религиозна определба, на пристап до информации за сите луѓе, вклучувајќи ги и етничките и релогиозните малцинства, се универзални права и треба да им бидат достапни на сите луѓе - сеедно дали се во САД, во Кина или во некоја друга нација.“

Во контекстот на правата на малцинствата, Обама на прес конференцијата во Пекинг го повика кинеското раководство на продолжување на преговорите со тибетскиот лидер Далај Лама.

Deutschland Tibet Dalai Lama in Frankfurt

Тибетскиот лидер Далај Лама

Вашингтон признава дека Тибет е дел на Народна Република Кина, но истовремено смета дека треба да продолжат преговорите, порача Обама. Кина, инаку, го смета Далај Лама за опасност по територијалниот интегритет на земјата.

Разговори за светските теми

Обама и Ху Џинтао разговарале и за проблемите со ширењето на атомското оружје, односно за нуклеарните програми на Иран и Северна Кореја. Обама, притоа, порача дека Иран мора да докаже оти неговата атомска програма е навистина наменета за мирнодопски цели, во спротивно мора да смета со се’ поостри санкции. САД и Кина се исто така согласни дека Северна Кореја мора да ја прекине нејзината атомска програма, посочи Обама.

Конечно, Обама повика двете земји да преземат водечка улога на претстојниот самит за климатските промени во Копенхаген и таму да се заложат за потпишување договор што ќе донесе непосреден ефект, а не да биде само политичка изјава за намери.

Автор: ГМ/ЕМФ/афп/дпа

Редактор: Жана Ацеска