1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Пријатели на Либија“ ќе решаваат за нејзината иднина

Денеска во Париз, треба да се разговара за обнова на Либија. Францускиот претседател Никола Саркози покани меѓународни претставници на „Конференција на пријателите на Либија“.

default

На родниот град на либискиот долгогодишен властодржец Моамер ел-Гадафи, Сирте, му се заканува крвопролевање. Според телевизијата Ал Џазира, населението во градот, кој брои околу 75 илјади жители, е поделено и половината е за борба, а другата половина за капитулација. И додека племенските старешини се обидуваат да ги убедат трупите на Гадафи во случај на борба да им дозволат на жените и децата да го напуштата градот, се‘ повеќе луѓе блиски на Гадафи, според наводи на бунтовниците, се обидуваат да побегнат од Либија или прават обиди за преговори.

Почеток на либиската демократија

Денеска во Париз, треба да се разговара за обнова на Либија. Францускиот претседател Никола Саркози покани меѓународни претставници на „Конференција на пријателите на Либија“.
Датумот е историски и одбран е со намера - 40 години либискиот диктатор Моамер ел-Гадафи на први септември го славеше денот на доаѓањето на власт. Сега, овој ден би требало да означува почеток на либиската демократија. Францускиот претседател Никола Саркози во Париз покани претставници на повеќе од 60 земји. Заедно, би требало да разговараат за обнова на уништените градови и да разјаснат како и колку брзо ќе може повторно да се одмрзнат либиските пари во странство. И, малку треба да се прослави победата на бунтовниците и НАТО над Гадафи, или како што рече Саркози на традиционалната средба со амбасадорите во Франција, што се одржа во вторникот (30.08)...

„Ќе го завршиме поглавјето на диктатура и борби и ќе почнеме соработка со демократска Либија. Тоа е цврста желба на Франција - да им дава поддршка на народите во нивниот стремеж кон демократија.“

Средоземјето е работа на европјаните

Präsident Nicolas Sarkozy mit Mahmud Jibril Chef der Übergangsregierung in Libyen

Францускиот претседател Никола Саркози со шефот на преодната либиска влада, Махмуд Џибрил

Тоа што средбата се одржува токму во Париз е поврзано со француската улога во борбата против Гадафи. Франција, заедно со Велика Британија, реализираше голем дел од операцијата на НАТО и порано од сите други ги призна бунтовниците како единствени легитимни претставници на Либија. Според Саркози, воената операција на НАТО е историска:

„Европејците првпат докажаа дека се во состојба да интервенираат во конфликт што им е пред врата. Зашто, Либија е Средоземје, а Средоземјето е прво работа на Европејците, а потоа на Американците.“

Дали и како Европејците во иднина ќе можат да и‘ помогнат на Либија е сосема отворено. Од конференцијата во Париз за тоа не се очекуваат конкретни заклучоци, барем не што се однесува до финансиската помош. А, како што се вели, нема да се разговара ниту околу можно стационирање меѓународни мировни трупи. Средбата има симболичен карактер.

Автор: Даниела Јунгханс / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM