1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Приштина: Молотов коктел врз македонската амбасада

Експлозивната направа билa фрленa вчеравечер врз објектот на македонската амбасада во главиот град на Косово, Приштина.

Нападот го извршиле три лица од автомобил марка „Tојота“, но благодарение на
полицаецот кој се нашол во близина, никој не бил повреден и била причинета помала материјална штета.

Косовската полиција трага по напаѓачите. Како што јавуваат косовските медиуми, полициски службеник се нашол на местото на настанот, при што спречил поголема штета.

Ова е втор напад врз македонската амбасада во Приштина. Претходно беа
искршени стаклата на објектот.

Автор:СН/АМ/макфакс/нп

Редактор:Александар Методијев