1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Приштина го ратификуваше договорот со Белград

Парламентот на Косово денеска (27.06) го ратификуваше Договорот за нормализација на односите на Белград и Приштина. Законот беше потпишан на 19. април во Брисел.

За Законот за нормализација на односите со Србија гласаа 84 пратеници, а тројца пратеници беа против. На гласањето му претходеше бурна седница пред чиј почеток активисти на движењето Самоопределување се обидоа да ги спречат пратениците да влезат во зградата.

Пратениците на Самоопределување, пак, се обидоа да му го одземат микрофонот на претседателот на Парламентит Јакуп Красниќи кога тој најави гласање за Бриселскиот договор. Интервенираше обезбедувањето на Парламентот, кое ги оддалечи пратениците на Самоопределување од местото наменето за претседателството.

Kosovo Parlament in Pristina Regierung

Договорот е ратификуван на бурна седница на косовскиот парламент

Претходно, пред парламентарната зграда, косовската полиција уапси повеќе од 15 активисти од движењето Самоопределување и употреби солзавец за да ги спречи демонстрантите да влезат во зградата. Активистите на Самоопределување дојдоа пред парламентарната зграда со намера да влезат и да ја прекинат седницата. Демонстрантите фрлаа боја врз полицајците, кои возвратија со солзавец. Според неофицијални информации, има и повредени. Активистите успеаја на две места да се пробијат до зградата на парламентот, но полицијата ги спречи да влезат внатре.

Лидерот на Самоопределување, Албин Курти, на конференција за новинари пред два дена изјави дека Тачи заедно со Демократската партија на Косово, инсистира по секоја цена да ја ратификува Спогодбата со цел да ја подели одговорноста со останатите партии.