1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Приштина брои повредени и апси демонстанти

Претседателката на Косово Атифете Јахјага вчера порача дека насилството не е начин за да се решат проблемите на Универзитетот во Приштина и побара тие да се решат со дијалог. Во протестите беше повредено 71 лице.

„Универзитетот во Приштина е целосно независна и автономна институција“, рече нејзиниот портарол Арбер Влахиу, набгласувајќи дека претседателката ги следи случувањата околу Универзитетот и повикува на воздржување од насилство. Таа бара преку дијалог да се остави простор за институционално решение на проблемот.

Вчерашниот протест, осми по ред, беше најмасовен, но и најжесток, бидејќи дојде до судир меѓу припадниците на полицијата и демонстрантите.

Студентите бараат оставка од ректорот на Универзитетот, Ибрахим Гаши, бидејќи тие се сомневаат дека до звањето редовен професор дошол со помош на три „научни“ труда објавени во некои индиски магазини и преку други злоупотреби.

Atifete Jahjaga Präsidentin Kosovo Archiv 2011 in Prishtina

Атифете Јахјага

Состојбата на Приштинскиот универзитет беше тема на жестока расправа во Косовскиот парламент. Седницата за Универзитетот траеше два дена и до вчера не беше усвоена резолуција за него, бидејќи пратениците од владејачката коалиција ја напуштија седницата. Тие сметаат дека донесување на резолуција за Универзитетот е во спротивност со законот и академските слободи.

Косовската полиција, во меѓувреме, соопшти дека во вчерашните протести пред Ректоратот на Универзитетот во Приштина е повредено 71 лице. Нешто повеќе од половината се повредени демонстранти, а останатиот дел се повредени полицајци.

Портпаролот на полицијата Брахим Садрија синоќа изјави дека учесниците на протестот први ги започнале инциденитте и ги нападнале и повредиле припадниците на полицијата со различни тапи предмети.

Притвор од 48 часови е одреден за 31 уапсено лице. Меѓу нив се наоѓа и директорот на невладината организација „ДИПРЕД“ Илир Деда и пратеникот во Општинскиот парламент на Приштина Или Хоџа, кој е од редовите на движењето „Самоопределување“. Тие се осомничени за „напад врз службено лице со тешки последици“.