1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Приходите на Дојче Банк пропаѓаат во покритија за тужби

Германскиот кредитор Дојче Банк објави дека во вториот квартал нивните приходи значително опаднале. Банката го објаснува резултатот со тоа што дел од нивните средства морале да бидат издвоени за тужби

Дојче Банк објави денеска (30.07.2013) дека нивниот нето профит опаднал за околу 50 отсто во вториот квартал. Приходите опаднале на 335 милиони евра(445 милиони долари) од 666 милиони евра во истиот период минатата година. Најнискиот профит е намален, и тоа не на мал начин, со трошоците за тужбите против компанијата. Кредиторот продолжи да се соочува со законски предизвици поврзани со американските хипотекарни обврзници и скандалот со местење на основната камата стапка од неколку банки. Дојче Банк исто така објави дека на страна тргнале дополнителни 630 милиони евра за да ја покријат загубата од тужбите, со тоа што вкупната сума изнесува 3 милијарди евра.

Исполнување на регулаторните барања

Јирген Фичен и Аншу Џаин исто така велат дека ефективната даночна стапка на банката пораснала на 58 отсто од 31 отсто минатата година, што исто така придонело за намалување на заработувачката на компанијата. Профитот пред оданочувањето стигна до 792 милиони евра, пад од 18 отсто од година на година и исто така далеку под очекувањата на аналитичарите. Фишен и Јаин се сепак задоволни со резултатот, земајќи ги во предвид финанскиските оптоварувања со кои се соочуваше компанијата. Тие потенцираат дека кредиторот направи добар напредок да ги зајакне финансиите за да ги исполни новите регулаторни барања и да ги задржи трошоците. Дојче Банк објави дека има повеќе опции да го зајакне профитот, на пример со менување на кредитните линии и намалување на внатрешните погрешни банкарски ризици.