Притисоци за Јован | Македонија | DW | 06.12.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Притисоци за Јован

Продолжуваат притисоците врз македонската влада за ослободување на екс-владиката Јован од затвор и за регистрација на неговата црква во Македонија.

default

По сугестиите на меѓунaродната заедница дека на земјата и е неопходен полиберален закон за верски заедници, слобода за Вранишковски побара и претстоителот на американсакта православна црква. Канадско-американскиот митрополит, архиепископот Герман, во писмо до премиерот Никола Груевски ги критикува верските слободи во Македонија.

"Тоа што еден архиереј е затворен затоа што дејствува во согласност со сопствената совест е сериозно прекршување како на слободата на совеста, така и на слободата на верското убедување и делување. Овие слободи претставуваат идеали за човековите права и се карактеристични вредности на сите цивилизирани народи", му пишува митрополитот Герман на премирот Груевски.

Неговата влада се обиде да обезбеди поддршка од верските лидери за либерализација на законот за верски заедници, кој е во фаза на донесување.

”Средби остварив со сите лидери на верските заедници затоа што тоа е и надворешно-политичко прашање, односно критериум според кој се оценува зрелоста на нашата демократија. Мислам дека тука е особено голема заслугата на премиерот, но и на осатнатите министри во владата кои тоа го разбираат и правуиме напори опозицијата тоа да го прифати како нешто што може да ни донесе полза за зајакнување на нашите позиции во однос на интеграцијата”, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Прво Европската Унија, а потоа и САД и укажаа на Македонија дека верските слободи се еден од клучните критероиуми според кои се мери степенот на демократија. Премиерот сака да биде кооперативен со меѓународната заедница:

"Поранешниот министер за одбрана ни кажа дека во неговите разговори било потенцирано дека ќе имаме сериозни проблеми во конгресот на САД доколку не го решиме прашањето со новиот закон за верски заедници. Јас сум убеден и верувам дека тоа прашање ќе го решиме.”

Но, од друга страна, владата е исправена пред интересите на најбројните верски заедници во Македонија. Ниту МПЦ, ниту Исламската верска заедница, не прифаќаат допопнителни отстпаки во предложениот закон за верски заедници. Тој не дозволува формирање паралелни групи од иста веросиповед.

МПЦ не допушта да се официјализира таканаречената Православна охридска архиепископија на Јован, а ИВЗ - Бехтешката заедница. Ставот на верските лидери е дека законот е доволно либерален и оти секоја дополнителна интервензија ќе оди на штета на верскиот живот во Македонија.