1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Притисок за признавање на партијата на Македонците во Бугарија

Во писмото на „Европската слободна алијанса„ потпишано од претседателката Нели Мајлс, се бара Европската Унија да изврши притисок врз Бугарија, да ја признае партијата на Македонците. Во писмото меѓу друго се вели дека, иако судот во Стразбур нареди регистрација, Бугарија ја присилува организацијата повторно да аплицира под построги правила. Ко-директорот на оваа европска политичка партија, Гунтер Дове

Од ЕУ се бара да изврши притисок врз Бугарија

Од ЕУ се бара да изврши притисок врз Бугарија

н, во разговорот за Радио Дојче Веле е убеден дека нивните притисоци ќе вродат плод, како што тоа беше случај и со партијата на Македонците во Грција „Виножито".

Ова не е прво писмо или потег, со кој членовите на Слободната европска алијанса се обраќаат до европските институции и бугарските власти.

„Во септемврти веќе добивме одговор на писмото, кое го испративме во јули до Европската комисија и бугарската влада со нашите забелешки и стравувања за ситуацијата на македонското малцинство во Бугарија. Комесарот Оли Рен ни рече дека има напредок и дека Комисијата во извештајот за Бугарија ќе ги опфати и ќе им ги пренесе на бугарските власти нашите стравувања. Во одговорот, Премиерот Станишев ни рече дека Бугарија го почитува процесот на проширување и тоа што треба да го направи е содржано во извештајот на Комисијата, односно борбата против корупцијата“, објаснува за Радио Дојче Веле, ко-директорот на Европската слободна алијанса (ЕСА), Гунтер Довен.

Во седиштето, на ЕСА во Брисел се изненадени што ситуацијата со Македонското малцинство не беше опфатена во последниот извештајот на Европската комисија за Бугарија.

„Тоа што е изненадувачко и што малку е страшно, е дека тоа ја претставува официјалната линија на бугарската влада, имено секогаш да го негира постоењето на Македонците.

Во средината на септември бевме таму, на југот од Бугарија, во областа Пирин. Сите официјални лица со кои се сретнавме го негираа постоењето на македонското малцинство. Од друга страна, цело време велат дека Македонците се сепаратисти, дека претставуваат опасност за државата. Тоа е зачудувачко. Има или нема Македонци? Но, да се вели дека нема Македонци и дека тие се опасни, тоа навистина е чудно!“, додава Гунтер Довен.

За причините кои ја наведоа ЕСА повторно да му се обрати на Претседателот на Европската Комисија, во врска со тешкотиите кои ги има ОМО Илинден-Пирин при регистрацијата како политичка партија пред бугарските судови, ко-директорот на ЕСА вели: „Бидејќи ние имаме впечаток дека Бугарија не им придава големо значење на европските институции. Бидејќи одлуките на Европскиот суд од Стразбур се уште не се спроведени, дури се прави уште потешка положбата на претставниците на Македонците во Бугарија. Тоа е неприфатливо. И, се надеваме дека европските институции ќе им дадат до знаење на бугарските власти дека тоа е неприфатлив случај за Унијата.“

Во Европската слободна алијанса се уверени дека нивните напори ќе успеат за регистрацијата на ОМО Илинден-Пирин. Тука тие го наведуваат примерот со тешкотиите од иста природа на партијата на македонското малцинство во Грција „Виножито“.

„Во 1994 беше слична ситуацијата во Грција со „Виножито“, нивната регистрација не беше прифаќана со години.Но, по притисоците и бројните писма кои ние ги испративме тогаш, Уставниот суд на Грција ја прифати кандидатурата на “Виножито“ пет дена пред европските избори од 1994 година. Тогаш сите мислеа дека повеќе нема средства за притисок воз Грција. Затоа ние сеуште имаме верба дека писмото кое го испративме ќе предизвика иницијатива во европските институции“ завршува Гунтер Довен.