1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Притисок врз режимот во Мијанмар

*

Специјалниот пратеник на ОН Ибрахим Гамбари пристигна во Мијанмар за да посредува меѓи военото раководство на земјата и продемократската опозиција.По повеќедневни протести,во градот Рангун инаку за првпат владее мир.Во центраот на градот дојде до помали протести,кои беа растурени веднаш по појавувањето на силите на безбедноста.Според очевидци,демонстрантите биле собрани од војнциите и со камиони однесени на непознато место.Воената хунта повторно го засили своето присуство на улиците по масовните протести од минатите денови.

Таа се повеќе е под притисок на меѓународната заедница поради насилниот однос кон демонстрантите.

Британскиот премиер Гордон Браун се изјасни за нови санкции од страна на ЕУ, исто како и европретставникот Хавиер Солана.