1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Притисок врз Палестинците

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт и американскиот претседател Џорџ Буш според израелски информации се договориле да ја бојкотираат новата палестинска влада се додека таа официјално не го признае постоењето на Израел како држава и не му стави крај на насилството.

Кондолиза Рајс во Рамалах

Кондолиза Рајс во Рамалах

Кратко пред утрешниот троен самит за Блискоисточниот конфликт,Израел и САД го зголемија притисокот врз Палестинците.Израелскиот премиер Ехуд Олмерт и американскиот претседател Џорџ Буш според израелски информации се договориле да ја бојкотираат новата палестинска влада се додека таа официјално не го признае постоењето на Израел како држава и не му стави крај на насилството.

Во подготовка на тројниот самит,во регионот престојува американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс.Таа попладнево е на средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Муката ,во Рамалах на Западниот брег.Нивната прес конференција без образложение е откажана.Рајс вечер ќе се сретне со израелскиот премиер Ехуд Олмерт,а претходно разговараше со својата израелска колешка Ципи Ливни.

Рајс притоа изјави:

-Реков дека ако се чека перфектно време за да се дојде на Блискиот исток,човек можеби воопшто и не треба да се качи во авион.Значи,без разлика на компликациите,важно е да се започне со дискусии.Најважно е да започнеме да разговараме за визијата за две држави кои ќе егзистираат една покрај друга во мир и слобода,рече Рајс.

Израелската министерка за надворешни работи Ципи Ливни инсистираше дека Палестинците мора прво да го признаат правото на постоење на Израел :

-Мислам дека и палестинското раководство треба да разбере дека патот до палестинска држава води преку откажување од насилство и тероризам ,а не преку согласување со тероризмот.

Утре во Ерусалим треба да се сретнат Олмерт,Рајс и Абас,а в среда пак во Берлин ќе се одржи состанок на т.н. Квартет за Блискиот исток,во кој освен ОН и ЕУ припаѓаат и Русија и САД.