1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Притисокот од странство расте, насилството продолжува

По Генералниот секретар на ОН, Папата и водечките светски политичари сега и саудискиот крал Абдула повика на итни и радикални реформи во Сирија. Меѓутоа сирискиот претседател Асад и натаму ги пушта тенковите да говорат.

default

Тенковите веќе девет дена пустошат во Хама

Турскиот министер за надворешни работи утре патува за Дамаск и со тоа почнува нов обид за ставање крај на кризата. Турција во изминатите години имаше добри односи со Сирија. Меѓутоа трпението во однос на Дамаск веќе се истроши, изјави премиерот Реџеп Таип Ердоган за време на викендот. До сега тоа не помогна, но поддршката е важна, вели сирискиот активист за човекови права Мудаб Азави:

„Секаква политичка поддршка, која ја добиваат луѓето во Сирија, кои во моментов тежнеат кон слобода и достоинство е добредојдена. Но, во основа тие се решени сами да го изодат патот со сила и отпор“.

Протестните упоришта во Сирија се под постојан удар на безбедносните сили. Хама во средишниот дел на земјата веќе девет дена е под опсада. Од Хомс, Дера и од предградија на престолнината Дамаск очевидци јавуваа за протести и загинати. Овие наводи меѓутоа не можат да се проверат. На новинарите и натаму не им се дозволува влез во земјата. Од вчера околу 250 тенкови и бројни трупи го напаѓаат градот Дел ал Зур на истокот од Сирија, истакнува активистот Мусаб Азави. Тој вели дека оддржува телефонски контакт со тамошното население:

„Тие стравуваат дека ќе ја загубат контролата над тамошните места. Таму има голем отпор, а режимот се обидел да уапси неколку племенски старешини, кои го поддржуваат движењето на отпорот“.

Syrien Opposition Damaskus Protest Demonstration Assad 01.07.2011

И покрај насилството на властите, демонстрациите продолжуваат

Стравувања од граѓанска војна

Сириската влада со денови известува за вооружени банди, кои ги тероризираат жителите на повеќе градови. Населението треба да остане мирно. Војската ќе го поврати редот и мирот, е ставот на официјален Дамаск. Покрај тоа се прикажуваат погреби на сириски војници, кои според официјалните наводи, загинале како маченици во битка. Но, ни тоа не може независно да се потврди.

За крајот на годинава владата најави слободни парламентарни избори и ги олесни законските можности за формирање партии. Опозицијата во најголем дел го отфрла тоа како трик. Уставот на Сирија и’ гарантира на владејачката БААС партија апсолутно мнозинство во парламентот - без оглед каков ќе биде исходот од изборите. Исто така сите клучни позиции во владата и во државната управа се запоседнати од членови на владејачката партија.

Ситуацијата е заглавена. Има стравувања дека земјата може да се лизне во граѓанска војна. Емад Адин Рашид, еден од опозиционерите, не верува дека со оваа влада некако ќе може да се продолжи натаму во Сирија:

„Владата го загуби легитимитетот, зашто таа покажа дека убива и деца и млади меѓу демонстрантите. Нашите истраги и бројот на уапсени сосема јасно покажуваат дека овој систем е вовлечен во убивањето, дека давал наредби или премолчувал. И овој систем им даде оружје в рака на безбедносните сили во овој конфликт. Со тоа системот повеќе нема легитимитет“, вели Рашид:

Автор: Јенс Вининг/ Симе Недевски

Редактор: Горан Чутаноски