1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Притисокот од корупциските афери стана преголем

По две и пол години на функцијата израелски премиер , Ехуд Олмерт изненадувачки најави брзо повлекување од врвот на партијата и на владата. Оној што ќе го наследи има тешка задача да ја врати довербата на граѓаните.

default

Ехуд Олмерт призна дека правел грешки

Според последните анкети 77 проценти од Израелците не се задоволни од работата на нивниот премиер, Ехуд Олмерт. Тој меѓутоа не е само непопуларен. Пред две години тој ја водеше војната против либански Хезболах, која чинеше стотици животи и заврши со пораз за Израел. Кон тоа се вбројуваат секогаш нови афери кои цело време го следат Олмерт како премиер. Олмерт се докажа како мајстор на издржливоста. Сега меѓутоа, товарот стана претежок за него. Тој неочекувано се појави пред новинарите со најавата: „Донесов одлука да не се кандидирам на изборите за претседател на партијата Кадима. Исто така немам намера да се вмешувам во изборите, кои се закажани на моја иницијатива. На победникот ќе му посакам среќа.“

Кратко пред неговиот говор пренесуван од државната телевизија и радио, Кадима ги закажа изборите за претседател на партијата на 17 септември. Доколку е потребен втор круг, тој ќе следува една недела подоцна, на 24 септември. Дотогаш Олмерт има намера да остане на функцијата премиер, а потоа: „Веднаш штом ќе биде избран партиски претседател, ќе се повлечам од мојата функција како премиер и на избраниот лидер на Кадима ќе му овозможам брзо и ефикасно да формира нова влада.“

Кандидати со најголеми изгледи да го наследат Олмерт на врвот на Кадима, но и на премиерската функција, се актуелната министерка за надворешни работи, Ципи Ливни и министерот за сообраќај, Шаул Мофас.

Притисок на доказите

Повлекувањето на Олмерт од функциите, претставува пред се‘ реакција на тековните истраги против него. Сеуште не е покренато обвинение, меѓутоа набргу притисокот на доказите би можел да биде доволно голем , за тоа да биде неизбежно.

Според сознанијата од досегашниот тек на истрагата Олмерт се товари дека илегално земал стотици илјади долари од еден американски бизнисмен и веројатно не ги искористил само за финансирање на предизборната кампања , туку и за приватни цели. Во друга афера, премиерот се товари дека повеќекратно пресметувал исти службени патувања и со создадениот вишок ги финансирал приватните патувања.

Во десетминутниот говор, Олмерт рече дека е горд на тоа дека е премиер на една земја во која е возможна истрага против премиерот. Во врска со обвинувањата за корупција против него тој истакна дека направил грешки, но дека ќе докаже оти не е виновен.