1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Притисокот за реформи врз египетските власти расте

Не само илјадниците демонстранти во Каиро и во другите египетски градови, туку и меѓународната заедница врши се’ позасилен притисок за вистински демократски реформи во државата на Нил.

default

Противниците на режимот на египетскиот претседател Хосни Мубарак со вчерашните нови големи демонстрации на плоштадот Тахрир во центарот на Каиро, но и различни претставници на меѓународната заедница, побараа од властите во Египет да дадат гас во спроведувањето на ветените реформи.

Промените мора да дојдат, колку побргу - толку подобро, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун за време на седницата во Советот за безбедност на Светската организација во Њујорк. Според Бан египетските власти мора да ги слушнат оправданите барања на демонстрантите, кои со протестите го искажуваат нивното големо разочарување.

Притисок и од Вашингтон

Потпретседателот на САД, Џо Бајден, пак, од неговиот египетски колега, Омар Сулејман, побарал итно дејствување во насока на уредна транзиција на власта во Египет, која би била мирна и легитимна, соопштуваат од Белата куќа.

U.S. Vize Präsident Joseph Biden

Американскиот заменик-претседател Џо Бајден

Бајден исто така повикал веднаш да биде повлечен и египетскиот закон за вонредни состојби и го повторил ставот на САД дека секоја идна египетска влада треба да ја одреди египетскиот народ. Белата куќа соопшти и дека не е задоволна од ставот на Сулејман, кој оценил дека Египет не е подготвен за демократија.

Пофалби за армијата

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс, пак, истакна дека сега од одлучувачка важност е демократската транзиција да протече уредно. Раководството во Каиро мора да ги исполни своите ветувања, рече Гејтс кој истовремено ја пофали улогата на египетската армија:

„Сметам дека египетската војска постапуваше за пример за цело ова време и таа дејствуваше со огромна воздржаност. На тој начин би рекол армијата даде придонес за напредокот на демократијата и она што го гледаме во Египет“, рече Гејтс.

Од друга страна и покрај натамошните отстапки на египетските власти, на улиците во Каиро и во другите египетски градови вчера повторно излегоа стотици илјади луѓе, кои повторно јасно укажаа на тоа дека покрај реформи и натаму сакаат да издејствуваат итна оставка на претседателот Хосни Мубарак.

Автор: СН/ГЧ/дв/дпа/афп

Редактор: Горан Чутаноски