1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Притисокот за предвремени избори ќе продолжи

По одлуката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ против предвремени избори во Македонија, опозицискиот СДСМ најави натамошен притисок. Експертите поделени околу предностите и слабостите што би ги донеле изборите за двете страни.

default

За избори ќе продолжи да се говори и натаму во Македонија

Владата ја одби идејата на опозицискиот СДСМ за предвремени парламентарни избори, откако во неделата, на марш за демократија изведе неколку десетици илјади незадоволни од политиката на премиерот Груевски. Неприфатливо е поради блефирањето и покерскиот пристап во политиката на Бранко Црвенковски да се запре борбата против криминалот, евроатланските аспирации и санирање на последиците од светската економска криза, се истакнува во писменото образложение на ИК на ДМПНЕ. Предходно и ДУИ ја отфрли идејата за предвремен рок на избори од регуларниот во 2012 година.

Предвремени избори нема радикално да го сменат соодносот власт- опозиција

Nikola Gruevski Wahlsieger der VMRO DPMNE Mazedonien Wahl

Владејачката партија на чело со премиерот Груевски одлучи дека нема потреба за избори

Во првата реакција по синокешното не од ВМРО-ДПМНЕ се огласи СДСМ. Според потпредседателот Гордан Георгиев оваа влада на Груевски можеби е легална , но не е легитимна. Премиерот од вчера веќе не владее во име на народот и со тоа оваа власт се’ повеќе го зголемува гневот на граѓаните. Социјалдемократите нема да се откажат од притисокот за предвремени избори, кажа Георгиев.

Нема криза на институциите и нема потреба од нов бран на политички притисок, зашто и со предвремени избори нема радикално да се смени парлментарниот сооднос власт-опозиција, велат за ДВ консултираните експерти.

Лирим Дулови аналитичар и сопственик на весникот Коха, вели дека со двојно помал рејтинг од власта нема да дојде до нова колаиција со СДСМ.

„ ВМРО-ДМПНЕ И ДУИ се доминантни кај македонскиот и кај албанскиот електорат и изборите, судејки по сондажите нема да донесе промена во распоредот на силите за нова Влада предводена од опозицијата“

Барање поставено на ризични основи

Но, Атанас Кировски од неделникот Форум коментира:

„Многумина сметаат дека барањето на Црвенковски за предвремени избори е коцка, со оглед на моменталниот негов и партиски рејтинг, дека би доживел пораз и дека би требало да се збогува со политиката. Но лидерот на СДСМ ја сфати поентата, дека со попис во април и незавршени преговори околу името и не би сакал напролет да има избори, но стратегиски одигра одлично. Тој влегува во една перманентна кампања, што инаку ја води Владата, а досега СДСМ тоа го правеше еден месец пред изборите и доживува пет едноподруго изборни фијаска“, вели Кировски.

Марија Ристова од Центарот за креирање политики оценува дека одлуката да не се оди на предвремени избори нема врска со преговорите околу името.

Branko Crvenkovski ist der neue Parteichef von der Partei SDSM

Мудар или ризичен чекор на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски

„ Нема влада која би се согласила со промена на името и на тој начин да го понесе товарот на историската одговорност, зашто народот тоа нема да го дозволи. Барањето за предвремен тест на расположението Црвенковски го постави на ризични основи зашто со пораз тој не би можел да биде мандатар, а ДУИ нема причина да го менува коалицискиот парнтер при исти приоритети, името, економска криза и скусување на јавната администрација“.


Не може да се мери со два аршина

За разлика од неа универзитетскиот професор Ветон Љатифи смета дека мегународната заедница уште не се определила за реакција околу незадоволството од владеењето на оваа власт. Но проценува дека мотивите не се само во рејтинзите и заробеништвото од популарноста што тие ја креираат или преземаат. Тој издвојува три причини за стопирање на идејата за пролетни избори.

„ Догодина се две децении од самосотојноста на земјата, што е главен влог за идејата која ја стимулираше токму ВМРО-ДПМНЕ, второ, догодина се очекува одлуката на Хашкиот суд на правдата за спорот со Грција и Груевски очекува таа да биде во корист на Македонија и трето, на сцена е тотален колапс политичките елити на Албанците во земјата, што ја јакне позицијата на Груевски. Но Латифи смета дека улицата не е демократски модел за притисок. Со сличен став и Ристова која мисли дека блокадите на парлементот беа причина за предвремените избори 2008.

Аналитичарот Дулови ни рече дека Црвенковски во играта за предвремени избори бил лицемерен во јавните настапи. Од една страна дека би коалицираал со албански партнер со најмногу гласови во електоратот, од друга страна не сака да сфати дека Груевски и на следните избори би бил победник кому ќе мора да му се додели мандат за состав на идна Влада..

„ Неможе да имате два аршина, со едниот да ги респектирате резултатите во албанскиот електорат, а за мандат СДСМ да добие и ако нема победа на изборите“, вели Дулови.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Симе Недевски

DW.COM