Притвор за 17 припадници на Батасуна | Вести | DW | 08.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Притвор за 17 припадници на Батасуна

*

Шпанскиот суд одреди мерка притвор за 17 од вкупно 23 припадници на баскиската партија Батасуна, кои беа приведени минатата недела. Судот во Мадрид соопшти дека лицата биле поврзани со терористичката организација ЕТА. Четворица од приведените се пуштени на слобода со кауција од 10.000 долари. Инаку партијата Батасуна од 2003 година е забранета заради своите врски со ЕТА.