1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Притвор за екс-претседателот Хосни Мубарак

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак доби 15 дневен притвор, поради сомневање за корупција и злоупотреба на државна положба. Освен Хосни Мубарак и други членови на најтесното семејство добија притвор.

Екс-претседателот Хосни Мубарак

Екс-претседателот Хосни Мубарак

На соборениот египетски претседател Хосни Мубарак денеска му е одреден 15 дневен притвор, кој според државното обвинителство, ќе трае 15 дена. Претходно беа уапсени синовите на Мубарак, Алаа и Гамал, за кои исто така бил одреден 15 дневен притвор. Против сите нив постојат обвиненија за корупција, како и злоупотреба на службената положба, односно соучество во планирањето на насилното сузбивање на демонстрациите против режимот на Мубарак во јануари. Вчера Хосни Мубарак по сослушувањето беше одведен во болница во Шарм ел Шеик поради проблеми со срцето.

Автор: ЖА/ дв

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM