1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Притворот на Кежаровски продолжен за нови 30 дена

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го продолжи притворот на новинарот на дневниот весник „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски, како и на останатите осомничени во акцијата „Ликвидација“.

default

Притворот бил продолжен поради опасност од бегство. Претходно обвинителството подигна обвинителен акт за случајот „Ликвидација“ и предложи да се продолжи притворот на обвинетите.

Кежаровски трет ден штрајкува со глад во затворот „Скопје“, а неговото семејство како гаранција го заложи семејниот имот, за новинарот да се брани од слобода.

Освен новинарските здруженија на Македонија и меѓународните здуженија побараа Кежаровски да биде ослободен од притвор. И опозицијата побара да му се овозможи на Кежаровски да се брани од слобода.

„Најостро реагираме на игнорантскиот однос на институциите кон одлуката на новинарот за штрајк со глад, кон којашто се придружи и неговата сопруга. СДСМ бара веднаш да прекине нехуманиот, нецивилизиран, нечовечки однос кон новинарот што го трауматизира и неговото семејство“ изјави Петре Шилегов од СДСМ пред Кривичниот суд.

Кежаровски во понеделникот почна штрајк со глад во затворот за да изврши притисок судот да не го одолговлекува одлучувањето за неговиот притвор.

Новинарот Кежаровски речиси два месеци е во притвор откако беше уапсен на 28 мај во полициската акција „Ликвидација“. Осомничен е дека незаконски го открил името на заштитениот сведок во врска со убиството на старецот во велешкото село Ореше.