1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пристапниот процес на Македонија во „временска рамка“?

Министрите на земјите на ЕУ во вторник (11.12) треба да донесат заклучок за Македонија, по кој ќе се изјасни Европскиот совет. Според извор на ДВ, Комисијата ќе треба да одреди временска рамка за старт на преговорите!

До заседанието на Европскиот совет во Брисел, на кој би требало да се донесе или сигнализира некаква одлука за почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, има уште една недела. Доколку има грчко вето, ќе има реприза на блокадата. Но, една од најоптимистичките опции по  четвртата препорака на Комисијата и новиот предлог на комесарот Штефан Филе, како што дознава ДВ од Брисел, би била без спектакуларни заклучоци неформално да се подотвори вратата на ЕУ за Македонија. 

И волкот сит и овците на број!

Во понеделник, на министерскиот совет за надворешни работи, ќе треба да се разговара за предлогот на Европската комисија за Македонија, а во вторник - Министерскиот совет за општи работи ќе треба да донесе заклучок за предлогот на Комисијата, по кој в четврток (односно в петок),  ќе треба да се изјасни Европскиот совет. Со оглед на целата ситуација - четвртата препорака од Комисијата, но и отсуството на вистинско поместување во спорот со Грција околу името, спектакуларни одлуки не би требало да има. Но, логично би било да се испратат сигнали со кои нема да се девалвираат работата и оценките на Европската комисија. За да бидат „и волкот сит и овците на број“, Советот би ја овластил Европската комисија да подготви временската рамка

Dietmar Nietan SPD Bundestagsabgeordneter

ЕУ не смее да дозволи натамошни блокирање - Дитмар Нитан (СПД)

за отворање на пристапните преговори со Македонија. Со други зборови, без големи  помпезности вратата за Македонија неформално би се подотворила, а формалната одлука би следела некаде до летото наредната година. Во овој период, зелено светло ќе треба да дадат и парламентарците од германскиот Бундестаг, кои имаат законска обврска да се изјаснат за секое ново проширување на Унијата.

Има шанси да се успее!

ДВ праша неколкумина парламентарци: дали Европскиот совет од наредната недела ќе значи и конечно отворање на пристапните преговори за Македонија?

„Јас не сум видовит, но гледам шанси дека може да се успее, зашто станува збор за мошне прагматичен предлог. На оној кој истиот го спречува, мора да се гледа како на опструктор, зашто не станува збор за различно мислење, туку целта е да се сопре една земја на нејзиниот европски пат. Останатите европски држави не смеат да дозволат тоа да се случи!“, категоричен е социјалдемократот  Дитмар Нитан.

Makedonien auf dem Weg in die EU

Предлогот на Филе - одличен! Ута Цапф (СПД)

Неговата партиска колешка Ута Цапф вели дека фактот што Грција сака нешто од Европа (финансиска помош) би требало да отвори простор и за нејзино „омекнување“ во однос на спорот со името. Таа го квалификува како „одличен“ предлогот на еврокомесарот Филе, зашто со него се исполнуваат ветувањата од Солун за европските перспективи на земјите од Западниот Балкан, а едновремено се отвора простор за паралелното решавање на спорот со името. На прашањето дали Германија може повеќе да направи, Цапф за ДВ вели:

„Секако дека Германија има одредено влијание. Грција и онака на Меркел  гледа како на закана, но дали токму сега Грците ќе реагираат доколу Германците притиснат, не знам“, е коментарот на Ута Цапф. 

Поврзана содржина