1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пристапниот дијалог почнува на 15. март

Македонија на 15 март ќе започне неформален суштински дијалог на високо ниво со Европската унија, информираат од Секретаријатот за европски прашања. Дијалогот ќе започне во Скопје.

default

Тимовите на Македонија и на ЕУ кои на средината на месецов во Скопје ќе го започнат неформалниот пристапен дијалог ќе ги предводат македонскиот премиер Никола Груевски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Најапред ќе бидат отворени поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на внатрешните работи, судството, медиумите и изборите, информираат од Секретаријатот за европски прашања на македонската влада.

Претходно на 5. и на 6. мартво Брисел ќе престојува вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи која ќе присуствува на сослушувањето за Македонија во Европскиот парламент заедно со еврокомерсарот Филе, со европратеникот Едуард Кукан и со известувачот во ЕП заземјава Ричард Ховит.

Nikola Gruevski und Stefan Füle in Brüssel

Македонскиот премиер Никола Груевски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Арифи ќе добие подетални информации за текот на дијалогот

Вицепремиерката исто така во Брисел ќе има и презентација на ревидираниот Националната програма за усвојување на правото на ЕУ во Европската комисија и одвоени средни со Филе и со директорот на Директоратот за проширување на ЕУ Стефано Санино.

Се очекува Арифи во Брисел да добие информации за тоа како ќе се одвива неформалниот суштински дијалог. Познато е дека динамиката на овој дијалог ќе оди заедно со Црна Гора. Дали неформалните разговори ќе ги предводи тим и дали ќе биде именуван главен преговарач ќе се знае откако вицепремиерката ќе се врати од Брисел.

Од СЕП велат дека со водење на овој неформален суштински дијалог дефинитивно си го скратуваме времето за преговори за влез во ЕУ, се разбира откако Македонија ќе добие датум за преговори.

Автор:СН/БГ/миа/мф

Редактор: Б. Георгиевски