1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Природни катастрофи ја пустошат јужната хемисфера

Земјотреси, цунами, тајфуни. Природни катастрофи со разорна моќ деновиве пустошат во земјите во Индискиот и Тихиот океан.

default

Цунами по земјотресот во Тихиот океан

Силен земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтер утрината е регистриран на островот Суматра, кој вчера исто така беше потресен од уште еден посилен потрес од 7,6 степени, соопшти индонезискиот геофизички институт.

Erdbeben der Stärke 7,0 in Indonesien

Земјотрес во Индонезија

Епицентарот на новиот потрес се наоѓал во провинцијата Џамби, на 10 километри длабочина и на околу 46 километри југоисточно од Сунгаипенух. Засега нема информации за жртви. Инаку, според последните информации во вчерашниот земјотрес кој најтешко го погоди градот Паданг загинале 220 лица, урнати се голем број згради, а меѓу нив и дел од терминалот на аеродромот. Покрај тоа, на неколку локации во градот избиле силни пожари. Се стравува дека под урнатините се наоѓаат уште најмалку илјада лица.

Хуманирана помош за островите Самоа

Два дена, пак, по цунамито што ги погоди островите Самоа, таму пристигнуваа првите екипи за хуманитарна помош од странство. Покрај тоа постојано со авиони се доставува помош за настраданото население. Во цунамите загинаа повеќе од сто лица, а голем број се` уште се водат како исчезнати. Најмалку 6.000 лица останаа без покрив над главата, откако брановите со висина до осум метри ги уништија нивните домови. Цунамито беше предизбикано од земјотрес на морското дно во близина на островите Самоа, со интензитет од 8 степени според Рихтеровата скала.

Тајфун пустоши на Филипините и во Виетнам

Flut Philippinen Pasig Manila 2009

Поплава на Филипините

Тајфунот Кецана, кој предизвика најтешки поплави на Филипните во последниве 40 години, пустошеше и во Виетнам. Во главниот град на Филипните, Манила во меѓувреме илјадници луѓе чии домови беа уништени од поплавите, се сместени во претседателската палата. „Жителите во населбата околу палатата, кои се практично наши соседи, беа исто така погодени од поплавите. Тие во моментов ги оспособуваат своите домови за повторно живеење и дотогаш се добредојдени кај нас“, вели Хермогенес Есперон, соработник на филипинскиот претседател.

Повеќе од 240 луѓе загинаа на Филипините од последиците од тајфунот Кецана. Уште 50 животи големото невреме однесе и во Виетнам и Камбоџа. Повеќе од 400 илјади луѓе во централен Виетнам мораа да бидат евакуирани пред налетот на тајфунот.

Автор: СН/ТТ/дв

Редактор: Александра Трајковска