1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Природните катастрофи најсилно „удрија“ по САД

Според информациите на реосигурителната компанија Муних Ре, природните катастрофи во светот лани предизвикале штети од 160 милијарди долари. Најпогодени се САД.

Само ураганот „Сенди“ во САД кон крајот на октомври предизвикал штети во висина од околу 38 милијарди евра. Заедно со „Сенди“, во петте најголеми светски природни катастрофи се вброија сушата во Средниот запад во САД и торнадата во сојузната држава Тенеси. Ова го соопшти реосигурителанат компанија Муних Ре денеска во Минхен. Според претпријатието, нотирано на берзата ДАКС, во иднина треба да се смета со зачестеност на вакви катастрофи.

Околу 67 проценти од вкупните штети направени лани отпаѓаат на САД.

Во цел свет бури, земјотреси, поплави и суши предизвикале штети од близу 122 милијарди евра. Но, во целина земено, 2012 година беше поповолна од претходната. Тогаш земјотресот во Јапонија и во Нов Зеланд ја подигнаа сумата на штети на рекордни 300 милијарди евра, бројот на загинати изнесуваше 27.200. Лани во светот од природни катастрофи починале 9.500 луѓе. Причина за споредбено помалиот број жртви во 2012 година е тоа што малку од природните катастрофи се случија во земјите во развој или во индустриски подем, каде тие обично имаат тешки хуманитарни последици, се вели во билансот.