1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Природата дала, на ред е државата!

Македонија е расадник за талентирани деца кои отскокнуваат од своите врсници во различни области од уметноста, културата, науката, спортот... Но, земјата нема систем на негување и надградување на овие таленти.

default

Талентот треба да се негува од мали нозе

Македонија ги изнедри музичкиот виртоуз на пијано Симон Трпчевски и вонсерискиот Тоше Проески, ги даде и информатичкиот вундеркинд Марко Ќаласан, сликарското чудо од дете Стефан Плескоњиќ, или математичкиот „рендген“ Бодан Арсовски, кој заминува на студирање во Оксфорд. Ова се само дел од македонските генијалци кои веќе го докажаа својот исклучителен талент уште како мали и се‘ уште го воодушевуваат светот.

Колку државата се грижи за талентираните?

Но, прашањето е дали, како и колку државата се грижи тие да ги добијат сите потребни услови за да го катапултираат својот талент во уметноста, да еруптираат во светски познати ѕвезди, научници, експерти, да го воодушеват светот како што најавуваат од мали нозе.

Примерот на сега веќе 14-годишниот Стефан Плескоњиќ е уникатен за многу земји. Првата изложба ја имаше на три години, а во изминатите десетина години изложуваше слики во седиштето на НАТО во Брисел, во Вашингтон, а го очекуваат и други во европските уметнички центри. Но, тој сега, како и сите талентирани во земјата од државата добива само стипендија за талентирани деца во износ од 2000 денари месечно, а и тие не ги добива редовно, како впрочем и другите талентирани стипендисти.

Светски познат со 2000 денари месечно

Екатерина Плескоњиќ, мајката на Стефан, околу тежината на оддржувањето на брендот Плескоњиќ вели дека владата навистина им помогнала во изминатите години, но дека тоа е недоволно за да се покријат огромните трошоци за сликарските материјали и алатки, за подготвувањето, испраќањето и изложувањето на сликите .

„Капацитетот на Стефан во однос на промовирањето и презентирањето на државата не е искористен максимално, како што треба“, вели Плескоњиќ.

Од Министерството за образование велат дека во учебната 2009-2010 година доделиле 324 стипендии за талентираните ученици и студенти, според строго утврдени критериуми. И толку. Нивната обврска завршува со доделните 2000 денари во девет месеци од годината за секој еден стипендист,

Слично е и со Министерството за култура, кое за 60-тината стипендии одвојува околу 45000 евра за една година за млади уметници. Секоја од овие стипендии, според заменик министерот за култура Драган Недељковиќ, тежи од 20 000 до 85 000 денари годишно..

„Парите никогаш не се доволни. Во согласност со буџетот на министерството за култура и економската криза, ние малксимално се грижиме за нивниот развој. Битно е дека ние и натаму се грижиме за нив со организирање промоции и органзирање концерти“, вели Недељковиќ.

Aktion: Jedem Kind ein Instrument, mit Rüttgers

Стипендии за надарените

Од таленти до идни лидери

Клучното прашање е дали е ова доволно?. Зошто за нив во Македонија нема институција, некаков центар или група која се грижи за нивното напредување?. Се добива впечаток дека се‘ е оставено на нивните афинитети, способности и снаодливоста на нивните родители. А во такви услови само најупорните, највештите и секако најталентираните испливуваат во вистински уметници, ѕвезди, научници или спортисти.

Од пред четири години во Македонија стипендии за талентираните доделува и фондацијата „Борис Трајковски“, која преку интернационалното училиште „Нова“ се грижи тројца најталентирани ученици од секоја генерација да добиваат бесплатно четиригодишно школување.

„Целта на фондацијата е да созаде млади лидери кои ќе имаат многу подобри лидерски способности, темелени на квалитетна едукација, а кои ќе можат да и‘ помогнат на државата “, објаснува Роберт Милчев

Тој потенцира дека фондацијата „Борис Трајковски“ заедно со фондацијата „Зоран Ѓинѓиќ“ и Сојузот на германски стопански комори обезбедуваат по пет стипендии за обука и едукација на студенти во германски банки и компании за стекнување западни искуства, што потоа се имплементираат во Македонија.

Дека Македонија има таленти во многу области, можеби најдобро говори податокот дека само годинава неколку завршени средношколци успеаја да се запишат на престижните универзитети во САД, Германија и Велика Британија.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Жана Ацеска