1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Прирачник за мултикултурна настава по историја

Еден од главните елементи на успешната интеграција во Германија е образовниот систем. Покрај предметите за веронаука и етика, голема важност во наставниот процес има и историјата.

default

Како поддршка за наставниот кадар во Германија неодамна излезе од печат книгата „Културни конфликти - културни средби“, што со заеднички сили ја издадоа Здружението на германските наставници по историја, Сојузната централа за политичка наобразба и Фондацијата „Херберт Квант“. Оваа фондацијата веќе долги години се занимава со темата за „триалогот на културите“ и тоа меѓу еврејската, христијанската и муслиманската вера.

Претседателот на Сојузната централа за политичка наобразба, Томас Кригер, оценува дека со новата публикација се отвора нов простор на подрачјето на изучувањето на историјата.

„Интеркултурната историја во Германија е и понатаму неизорана нива и далеку е од тоа да стане тема во фокусот на јавноста.

Deutsch-Kurse für türkische Frauen in Hamburg Eine türkische Frauen schreibt am Donnerstag (25.11.2004) im Schulungsraum der interkulturellen Frauenbegenungsstätte verikom in Hamburg-Wilhelmsburg das Wort Integration an die Tafel. Vier mal pro Woche treffen sich die Frauen, um Deutsch zu lernen, damit sie auf dem deutschen Arbeitsmarkt größere Chancen haben. Foto: Patrick Lux dpa

Ваквиот третман е во остра противречност со фактот дека во Германија, според статистичките податоци, веќе живеат околу 20% граѓани кои имаат странско потекло. Кај најмладата генерација под пет години, процентот изнесува дури 44%.“

Националната историја во фокусот

Со оглед на овие факти неприродно е што предметот по историја и во Германија, како и во повеќето други земји, останува сконцентриран на историјата на сопствената земја. Другите земји се спомнуваат само кога имаат директна или индиректна допирна точка со националната историја. Во вкупно 27 поглавја во новата публикација се обработуваат контактите и конфликтите меѓу евреите, христијаните и муслиманите од минатото па се’ до сегашноста. На тој начин учениците во мултикултурните одделенија во Германија можат да дознаат повеќе за сопствениот идентитет, но и за идентитетот на соучениците, со што би можело да се развие и повеќе почит и толеранција за другите култури и менталитети.

Мнозинството се странци

Во основното училиште „Виножито“ од предградието на Берлин, Нојкелн, мнозинството ученици се од негерманско потекло. Ајнур Булут е наставничка по веронаука и наизменично со колешката по христијанска веронаука им предава на учениците од трето и четврто одделение.

Titel: „Deutsch und Russisch von Kindesbeinen an“ – Bilingualer Kindergarten in Köln Russischer Tag im Kindergarten „Goldfisch“: Erzieherinnen Alina Treiger, Natalia Lang, Larisa Lang Wer hat das Bild gemacht?: Interkulturelle pädagogische Gesellschaft MITRA e.V. Wann wurde das Bild gemacht?: 2009-2010 Wo wurde das Bild aufgenommen?: Bilingualer Kindergarten „Goldfisch“ in Köln

Таа прво ги учи како се поздравува: „Кога ќе речам ’салам алејкјум’, тогаш на тоа се одговара со истиот поздрав. Тоа значи: мир со вас. Тоа е еден од исламските поздрави.“

Во ова училиште поголемиот дел од учениците муслимани никогаш порано немале контакт со деца од христијанско потекло. Дотолку е поинтересно што наставата по веронаука е наизменична.

Важна улога на учебниците

Тоа треба меѓутоа да се измени и во содржината на учебниците, смета Роланд Лефлер од Фондацијата Херберт Квант: „Еврејството често се набљудува од конфликтна перспектива, дали преку антисемитизмот или преку холокаустот или пак во поново време преку блиско-источниот конфликт. Истото тоа се случува и со исламот, преку историското ширење на исламот, потоа продирањето на Турците до портите на Европа, до Виена и на крајот повторно со блиско-источниот конфликт од поново време. Христијанството, пак, се набљудува како религија од времето на мрачниот среден век и не се прави подоцна разлика меѓу католичката и православните цркви, меѓу католиците и протестантите и другите, новоформирани цркви“, појаснува Роланд Лефлер од Фондацијата Херберт Квант.

Автор: Сабине Рипергер / Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска