1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Припадник на поранешната УЧК сведок на Србија за трговијата со органи

Српските власти денеска информираа дека имаат припадник на УЧК како сведок, кој учествувал во отстранувањето на срце од српски затвореник за меѓународниот црн пазар на органи за време на косовскиот конфликт.

„Имаме сведок кој сведочеше за медицинска процедура направена на северот од Албанија што го потврдува отстранувањето на органи од Србите киднапирани за време на конфликтот во Косово во 1998-99 година“, изјави српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ.

„Тој ја опиша операцијата за отстранување на срце од српски затвореник во близина на (северниот албански град, н.з.) Кукс на крајот од 90-тите години“, како и транспортирањето на органот до аеродромот Ринас во Тирана, рече обвинителот.

Serbien Kosovo Vladimir Vukcevic neues Massengrab entdeckt

Владимир Вукчевиќ, српски обвинител за воени злосторства

Не е јасно во моментов дали пациентот бил мртов или, пак, жив кога започнала операцијата, а обвинителот не сака да дава повеќе детали.

Сведокот на обвинителите им рекол дека тој минал специјален медицински тренинг за отстранување органи и, според обвинителството, ја опишал во детали операцијата во која учествувал. Сведокот додаде дека „срцето е продадено на црниот пазар“, изјави Вукчевиќ.

За сведокот не се откриваат повеќе детали, освен дека е поранешен член на УЧК и дека сега е под посебни мерки на заштита.

Organtransplantation Organspende Operation Nierentransplantation

Припадникот на УЧК добил специјална медицинска обука за отстранување на органи

Обвинувањата за трговија со органи од страна на поранешната УЧК се истражуваат и од страна на ЕУ. Исто така, известувачот во Советот на Европа Дик Марти обвини во својот извештај од 2010-та година дека високи команданти на УЧК, вклучувајќи го и сегашниот премиер на Косово Хашим Тачи, биле инволвирани во организиран криминал. Во извештајот се наведува дека органите биле отстранувани во Албанија од телата на затворениците, во најголем дел Срби. Тачи, неговата влада и Албанија ги негираа ваквите обвинувања.

Сепак, обвинувањата за трговија со органи излегоа на виделина за првпат во 2008-ма година од страна на хашката обвинителка Карла дел Понте. Таа тврдеше дека стотици жртви, главно Срби, но и останати не-Албанци, биле киднапирани на Косово во последните фази од војната и однесени во логори низ продорната граница со Албанија. Како нејзини извори таа цитираше анонимни функционери во ОН, како и новинари.