Принцот Чарлс ќе ја придружува Меган до олтарот | Панорама | DW | 18.05.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Принцот Чарлс ќе ја придружува Меган до олтарот

Принцот Чарлс ќе ја придружува Меган Маркл до олтарот во капелата Сент Џорџ во Виндзор, соопшти денеска Кралската палата.

Одлуката е соопштена откако таткото на Меган се разболе на само неколку дена пред свадбата. Кралската палата соопшти дека ѝ е „драго што може да ѝ посака добредојде во кралското семејство на г-ца Маркл на овој начин“. 

Фановите на кралското семејство реагираат позитивно. 

Алисон Хамилтон од Англси е сигурна: 

„Дали ќе биде мајка ѝ или принцот Чарлс, мислам дека денот секако ќе биде добар.“

Розелин Морис, од Басилдон, пак, вели:

„Чарлс нема ќерка, па не би имал инаку шанса да чекори со ќерка до олтарот, така што ова е убаво и за него. Мислам дека ќе се чувствува многу горд.“

Гледај видео 01:07
Now live
01:07 минути

Меган со Чарлс до олтарот

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема