1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Принцот Чарлс ќе се жени со долгогодишната партнерка

Британскиот престолонаследник и Камила Паркер Боулс ќе ја озаконат долгогодишната љубов најверојатно на 6 април годинава

Чарлс и Камила

Чарлс и Камила

Сега е и официјално: принцот Чарлс ќе ја земе како втора сопруга долгогодишната животна придружничка Камила Паркер Боулс која ќе ја добие титулата војводка од Корнвал. Според извештаите свадбата ќе се одржи на 6 април во замокот Виндзор. Повеќе од неверојано е дека Камила еден ден ќе биде крунисана на неговата страна како кралица, соопшти и бирото на британскиот престолонаследник. Конечно, таа е разведена и е од католичка вера. Новинарот на ББЦ Николас Вичел, експерт за кралското семејство:

“Ако го направат тоа, треба да се очекува доста негативна реакција. Алтернатива би била госпоѓа Паркер Боулс да добие поскромна титула – војводка од Корнвол би бил еден од предлозите. Таа ќе биде сопруга на кралот, но никогаш и кралица“.

Еротската врска меѓу овие двајца е историски оптоварена: прабабата на Камила му била љубовница на пра-прадедото на Чарлс. Инаку, нивната врска се прекинала кога Чарлс бил моранирички офицер, а Камила се омажила за официрот Ендрју Паркер Боулс, но тој брак бил неуспешен. Нивното пријателство сепак опстоило и во времето кога Чарлс ја запозна идната сопруга Дијана. Принцезата подоцна за неуспехот на нејзиниот брак ја обвини Камила:

“Во овој брак бевме тројца, што беше тешко“.

По сообраќајната несреќа на принцезата во Париз 1977, Принцот и неговата пријателка долго беа во заднината, а од 1999 почнаа повеќе да се појавуваат во јавноста. Камила при една манифестација на која присуствуваа заедно, дури излезе и пред камерите, па Британците за првпат можеа да го слушнат нејзиниот глас:

“Верувам, дами и господа....“.

Скришното егзистирање за 58-годишната сега заврши. Во долгата врска со Чарлс, Кмаила му остана лојална на Принцот, како и тој неа. По повеќе од три децении, конечно ќе биде негова сопруга.