1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Принцот Вилијам се жени!

Бекингамската палата во Лондон денеска објави: Принцот Вилијам наредната година ќе се ожени со неговата долгогодишна девојка Кејт Мидлтон. Свадбата треба да се оддржи во пролетта или летото 2011 година во Лондон.

default

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Гласини се слушаа одамна, но сега е официјално. Бекингамшката палата во Лондон денеска објави: Принцот Вилијам наредната година ќе се ожени со неговата долгогодишна девојка Кејт Мидлтон. 28- годишните Вилијам и Кејт се свршиле минатиот месец за време на нивниот одмор во Кенија. Свадбата треба да се оддржи во пролетта или летото 2011 година во Лондон. Вилијам е постариот син на принцезата Дајана и принцот Чарлс. Внукот на кралицата Елизабета Втора е вториот престолонаследник на британскиот трон.

Автор: АТ/ЖА/дпа

Редактор: Жана Ацеска