1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Принципите на мандатарот Тадиќ само ритуал?

Претседателот на Демократската партија Борис Тадиќ соопшти дека се согласил да ја преземе функцијата премиер. Согласноста Тадиќ ја услови со договор за заеднички цели и програма на идната влада.

Одлуката на Борис Тадиќ беше очекувана, вели професорот на Факултетот за политички науки Предраг Симиќ. Со оглед на тоа што Тадиќ соглансоста ја услови со договор за заеднички цели на идната влада, Симиќ за ДВ оценува дека е тоа некаков вид на обид на лидерот на Демократската партија да ја сподели одговорноста со идните коалициони партнери:

„За да не се најде повторно во ситуација во каква што се најде во вториот круг избори, кога коалиционите партнери практично го оставија на цедило. Зашто, тој е свесен дека не може да го избегне тоа место, без оглед на изјавата што ја даде по соопштување на резултатите на изборите и што сака себеси да си обезбеди лојалност на коалиционите партнери во владата, која пред себе ќе има многу тешка задача. Сосема е сигурно дека и за него и за неговата партија цената на прифаќањето на премиерското место ќе биде многу висока.“

Симиќ нагласува дека речиси нема никаква шанса стожер на идната влада да биде Српската напредна партија (СНС). Таа по изборите не покажа ни некаква претерана желба да составува влада, свесна меѓу другото и за тоа колку жежок компир е ситуацијата во којашто се наоѓа Србија.

„Од друга страна, мислам дека уште една причина поради којашто Тадиќ мораше да прифати да биде премиер

Serbien Boris Tadic Archiv

Борбата за принципи нема да го загрози формирањето влада - Борис Тадиќ

е ефектот што тој потег го има на опкружувањето. Зашто видовме дека Николиќ е дочекан со недоверба и тоа многу повеќе меѓу соседите, отколку во Брисел и Москва. Доаѓањето на Тадиќ веројатно ќе донесе смирување. Можеби неговото досегашно влијание ќе има ефект и врз потенцијалните инвеститори и кредитори, за во наредните месеци и можеби и години да минеме што е можно подобро.“

Ритуални принципи

Изјавата на Тадиќ дека се согласува да биде премиер, но само ако се постигне договор за заедничките цели и принципи, според уредникот на надворешно-политичката рубрика на магазинот НИН, Владан Марјановиќ, е само ритуална. Тој оценува дека ако Тадиќ мислел на некого конкретно, тогаш тоа пред се‘ би можело да се однесува на лидерот на Обединетите региони на Србија Млаѓан Динкиќ, којшто беше многу критичен кон Тадиќ и владата во која и самиот го помина поголемиот дел од мандатот. Но целата таа борба околу принципите нема да го загрози формирањето влада, вели Марјановиќ: „Така што тоа всушност е празна приказна. Тие ќе се договорат околу владата затоа што сакаат да бидат на власт, а не затоа што ги инспирираат некои возвишени принципи и мотиви за да и‘ се посветат на тешката работа којашто ги чека во наредниот период.“

Во преговорите околу идната влада, според Марјановиќ, камен на сопнување би можело да биде можеби Косово, но се‘ друго не би требало да претставува непремостлива пречка.