Принципиелна согласност | Свет | DW | 02.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Принципиелна согласност

Коментар на Петер Филип

default

Рајс кај Мубарак во Каиро: таа треба да ги среди сите „детали„.

САД во моментов се наоѓаат под голема критика зашто имаат намера да вооружат некои од земјите на Блискиот исток, како противтежа на Иран. Од друга страна, Вашингтон прави напори повторно да го заживее мировниот процес. Токму од тие причини Кондолиза Рајс е на турнеја по регионот и очигледно нешто постигна.

Само навидум американскиот претседател Буш најавата ја соопшти „ан пасан„: неодамна изјави дека за есен планира блискоисточна конференција под претседателтсво на неговата министерка Кондолиза Рајс. Рече и замина. Сега Рајс треба да се погрижи за деталите и за тоа водеше разговори, среќавајќи се со Египќаните, Саудијците, Израелците и Палестинците. Притоа не се разговараше за проширувањето на американските пратки оружје. Тоа беше навреме соопштено за главните актери да се согласат за проектот – конференција. Се чини, барем принципиелно, се насмевна среќата: никој не беше против планот. И иако, досега никој конкретно не е поканет, Саудијците веќе сооптшија дека сакаат да присуствуваат. Дури и во Дамаск, иако никој не го спомна на листата учесници, претседателот на Сирија, Башар ал Асад искажа согласност. Но, тој искажа слична ограда како и Саудијците: мора да биде јасно дека конференцијата треба да биде повеќе од само термин за фотографирање. Целите мораат да бидат јасно определени. За Сирија се разбира, враќање на Голанската висорамнине окупирана од Израел. Саудијците подеднакво подвлекуваат дека мора да се постигне согласност за најважните прашања: за завршувањето на окупацијата, за статусот на Ерусалим, за прашањето на бегалците и за еврејските населби. Без тоа Ријад не е подготвен да седне на иста маса со Израел.

Во Ерусалим напротив, токму тоа се сака да се постигне: Саудијците и можеби други арапски земји можат да бидат застапени, меѓутоа резултатите од планираната конференција никако да не бидат обврзувачки. Можно е Израелците да имаат право дека мировните напори можат да пропаднат ако најнапред се сака да се решат најтешките проблеми. А, токму за такви станува збор. Меѓутоа, во 14-те години поминати од договорите во Осло меѓу Израелците и Палестинците беа неискористени толку многу време и можности, што веќе не може да се одлага решавањето на централните проблеми. Се чини, дека тоа е разбрано во Ерусалим, па барем се зборува дека со палестинскиот претседател Махмуд Абас би можеле да бидат утврдени некои принципи. Меѓутоа, на таков начин ќе биде малку направено: на Абас му треба напредок за воопшто да може да оди на конференцијата и неоштетен да се врати од неа. Единствениот што може да му го даде тоа е Израел. Меѓутоа, во некои израелски кругови веќе почна да се аргументира дека Абас не зборува од името на сите Палестинци. И тоа е точно. Но, тој е целосно легитимен претставник на сите Палестинци, па како Американците, така и Израелците мораат да знаат дека за подолго време нема да можат да најдат подобар партнер.

Петер Филип