1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Принудно слетување во Турција и на ерменски авион

Ерменскиот авион кој денеска беше принуден да слета во источниот турски град Ерзурум носел хуманитарна помош и неговото принудно слетување било претходно испланирано со турските власти, информираше ерменското МНР.

default

„Авионот, кој носеше хуманитарна помош за Сирија, направи предвремено слетување во Турција. Слетувањето во Турција беше претходно договорено со турската страна“, информираше портпаролот на ерменското МНР Тигран Балаијан.

Всушност, авионот имал добиено дозвола за прелет на турскиот воздушен простор, само доколку биде дозволено да се провери неговиот товар. Авионот кој беше принуден да слета во Ерзурум патувал кон сирискиот град Алепо, информираше близок соработник на турскиот премиер. Турските власти информираа и дека авионот ќе го продолжи патот, доколку во него не е пронајдено нешто друго, освен хуманитарна помош. Тоа и се случи, откако беше потврдено дека нема орижје во авионот.

Турските власти се обидуваат да спречат дотур на воена опрема до сириските власти. Минатата недела авиони-ловци на турското воено воздухопловство принудија сириски патнички авион, кој леташе на релацијата Москва – Дамаск, да слета во Анкара. Според турските власти авионот пренесувал воена опрема. Неофицијални информации говореа дека во запленетите контејнери имало воена техника и делови за ракети. Русија, пак, одговори на обвинувањата со тврдење дека во авионот се наоѓале делови од радарски систем. Во текот на викендот Турција го забрани прелетот на сириските авиони, а сириските власти го забранија прелетот на турски авиони во својот воздушен простор.