1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Примирје на Блискиот исток

Израел и Палестина објавија крај на долгогодишното насилство, прогласувајќи двостран прекин на огнот. Иако сепак остануваат уште многу отворени прашања, лидерите на двете страни вчера во Египет се договорија на нови состаноци постепено да ги решаваат проблемите. Светските лидери го поздравија израелско-палестинскот договор, нарекувајќи го шанса за конечен мир.

Шарон и Абас си подадоа рака

Шарон и Абас си подадоа рака

Изреаелскиот премиер Ариел Шарон и палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера си подадоа рака во Шарм Ел Шеик и прогласија формален крај на насилствата во регионот.

,, Премиерот Ариел Шарон и јас постигнавме примирје со договор за прекин на огнот,, рече Абас а Шарон појасни:

,, На средбата со претседателот Абас се согласивме дека Палестинците треба да запрат насекаде со насилствата против Израелците, а Израел треба да престане со воените акции против Палестинците.”

Мирот ќе биде почеток на нова ера, нагласија двајцата лидери чиј договор за прекин на огност многумина аналитичари не го оценија како историски, туку како почеток на решавањето на проблемите во регионот. Бегалците, границите, палестинските затвореници, како и статусот на Ерусалим се прашања што допрва треба да се решаваат. Остануваат и сомнежите дали бунтовничките групи ќе престанат со самоубиствените напади, затоа што исламските бунтовници засега се согласија на делумно примирје. Палестинското исламско движење на отпорот Хамас соопшти дека не се согласува со прекинот на огнот. ,, Тоа е еднострана одлука на палестинскиот претседател,, соопштија негови претставници.

,, На Израелците им дадовме доволно гестови на добра волја. Прашувам: Зошто сте толку оптимисти во однос на израелскиот став? Мора да вршите притисок за Иѕраел конечно да направи нешто, а пред се да ги ослободи и затвотрениците. Тоа е за нас црвената линија,,, изјави лидерот на Хамас на Западниот Брег Хасан Јусеф.

Во Ерусалим, пак, главниот парлемантарен комитет едвај го усвои законот кој ќе овоѕможи во текот на летото да продолжи со повлекување од појасот Газа, за бегалците да имаат право да се вратат на териториите кои сега му припаѓаат на Иѕраел. Таквите барања се голем проблем за израеските власти, бидејќи тие сакаат да задржат голем дел од западниот Брег, а на источен Ерусалим гледаат како на свој неделив капитал и категогично ја одбиваат можноста за враќање на бегалците во еврејската држава.

Иако вчерашниот мировен договор во Шарм ел Шеик беше оценет само како прв чекор во решавањето на проблемите, светските лидери и меѓународната заедница го позрдавија како историска шанса за мир.

САД нагласија дека во наредниот период мора да се направи се за да се постигне конечен мир меѓу Израел и Палестина, Русија го поздрави договорот порачувајќи дека смета на негово стриктно почитување, а Свестката Организација и Европската Унија им честитаа на Абас и Шарон охрабрувајќи ги да го продолжат дијалогот со цел да се оствари сонот за конечен мир.