1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Примирје - и Израел и Хамас се сметаат за победници

Израел и Хамас постигнаа согласност за примирје. По осум денови вооружени судири од синоќа повторно замолкна оружјето на Блискиот Исток. Спогодбата ја издејствуваа министрите за надворешни работи на САД и на Египет.

По објавувањето дека е постигната согласност за примирје брзо се наполнија улиците во градот Газа. Според очевидци биле испукани илјадници истрели во воздух. Луѓето покажувале победнички пози или едноставно само олеснување. Кратко пред тоа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим соопшти дека Израел се согласил на прекин на огнот. Претходно Нетајаху разговаал со Вашингтон.

„Во разговорот со претседателот Барак Обама, и двајцата бевме на мислење дека треба да му се даде шанса на прекинот на огнот за да може да се смири ситуацијата. За на граѓаните на Израел да може да им се овозможи враќање на секојдневната рутина. Сепак е разбирливо само по себе дека Израел не може мирно да чека, додека нашите непријатели и натаму се вооружуваат со оружјето на теоророт“.

Gaza Konflikt Waffenruhe Benjamin Netanyahu und Ehud Barak

Бенјамин Нетанјаху и Ехуд Барак

Прекинот на огнот е устен договор, се’ уште не е спогодба. Доколку двете страни се придржуваат до тоа, 24 часа подоцна може да почнат преговорите за барањата на Израел и на Хамас. Израел бара на пример не само крај на нападите од Газа, туку и натамошни контролни можности на палестинска територија. Хамас пак бара Израел и Египет да ја укинат блокадата за Појасот Газа - слободен сообраќај на лица и стоки. Палестинците во Газа во првичните реакции велат дека ги интересираат пред се’ долгорочните перспективи.

Прекинот на огнот е само почеток. Американската државна секретарка Хилари Клинтон му помогна на Египет во преговорите. Пред да биде постигната согласноста се чинеше дека нема да има напредок со оглед на тоа што експолодираше бомба во автобус во Тел Авив, терористички напад, и израелската авијација во наредните часови ја напаѓаше Газа.

Меѓутоа од вчера вечер е во голема мера мирно - иако се’ уште не секаде. Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак исто така не гледа повод за натамошни борби.

„Целите се целосно остварени. Хамас и Исламскиот џихад претрпеа болен удар. Воениот шеф на Хамас Џабари и голем број други терористи, високи командантни и активисити се убиени. Вкупно повеќе од 130, а повеќе од 900 се повредени“, изјави Барак.

Но и шефот на Политбирото на Хамас, Калед Машал исто така рекламира победа за себе. Во Каиро тој изјави дека Израел претпрел пораз.