1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Примирјето меѓу Хамас и Фатах во голема мера се одржува

Посредништвото од Египет и Саудиска Арабија - гаранција дека овој пат ќе се смират непријателстава и ќе се изнајде решение за причините за кризата

Тешки последици од борбите

Тешки последици од борбите

Ривалските групи Хамас и Фатах ги повлекоа своите борци од улиците и ослободија по 20 противнички заробеници. Во Газа за прв пат по пет денови повторно се отворени продавниците. Но, во Хан Јунис во појасот на Газа е убиен активист на Хамас. Претставник на тоа движење одговорноста за убиството му ја префрли на Фатах, што пак од таму веднаш беше отфрлено. Во борбите меѓу двете групи од четвртокот наваму се убиени повеќе од 50 луѓе.

Сега, по најновото примирје, на обете страни надежта се врзува за посредништвото на Египет и Саудиска Арабија. Ахмед Јусеф од Хамас, главен советник на премиерот Исмаил Ханија за ББЦ (Би-Би-Си) изјави: “Денеска е мирен ден. Тивко е и се чини дека обете страни се определени да им се стави крај на сите тие насилнички акти што беа извршени во последните 5 денови. Се надевам дека со посредство на Египет и Саудиска Арабија секој ќе се придржува кон договорот”.

Во сличен тон е и изјавата на Абдула Абдула, член на Фатах: “Да се надеваме дека овој пат е поинаку, оти сега се вложени напори, посебно од Египет и Саудиска Арабија, кои го трасираа патот за договор. Тој договор опфаќа не само менаџирање на кризата со која сме соочени на палестинските територии, туку уште повеќе изнаоѓање решение за нејзините корени".