1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Примената на Договорот стои во место?

Белград тврди дека косовската страна го кочи напредокот во преговорите околу примена на бриселскиот Договор. Приштина, пак, вели дека има конкретни придвижувања.

Имплементацијата на првиот Договор за нормализација на односите меѓу Белргад и Приштина и натаму според зборовите на делегацијата од Белград, стои во место, барем што се однесува до улогата и конструктивност на приштинската страна. Од постигнување на самиот договор за формирање на заедница на српсиктие општини на Косово помина повеќе од еден и пол месец, а минаа и две недели и пет работни состаници во Брисел од усогласувањето на планот за имплементација. И додека ЕУ очекува да ги види првите конкретни докази за примена на договореното, српската страна оценува дека „косовските Албанци на преговорите доаѓаат неподготвени“ и дека настапувале „стихијно“.

Nikola Selakovic

Никола Селаковиќ

„Таквиот начин на постапување го доведува во прашање постоењето на волја кај косовските Албанци за спроведување на интеграцијата и договорот за нормализација на односите“, смета министерот за правда на Србија Никола Селаковиќ и член на делегацијата на Белград во техничките разговори со Приштина: „Со оглед дека во овие разговори има недостиг на волја, сметаме дека е неоходно, доколку сакаме да дојде до примена на договорот и планот на имплементација, да дојде до политички притисок на раководството на косовските Албанци, на кои јасно би требало да им се каже: дали ова го прават или избегнуваат да го прават поради претстојните избори или работат на трајна интеграција на припадниците на српскиот народ во структурите на Косово и Метохија во согласност со првиот договор за нормализаиција и планот за имплементација“.

Приштина трвди дека има конкретни договори

Приштинската страна во текот на овие технички преговори, кои се водат во пет работни групи - правосудство, полиција, заедница на српските општини, организација на избори и усогласување на работната рамка за спроведување на договорот, досега немаше забелешки за конструктивноста на Белград, иако повторуваше дека „Србите отстапуваат од првично постигнатиот договор“.

Edita Tahiri Serbien Kosovo Verhandlungen

Едита Тахири

Како и минатиот пат, кога шефицата на приштинската делегација, Едита Тахири, најави размена на официри за врска на 17. јуни, но и согласноста на Србија да овозможи Косово да добие посебен меѓународен број за повик, така и овојпат косовски дипломатски извори запознаени со преговорите во Брисел велат дека сепак дошло до договор меѓу двете страни и тоа околу датумот за укинување на паралелните структури на Србите на северот на Косово. Според тие извори договорено е тој процес да почне во јуни, а во областа на правосудството да се заврши до 1. септември, додека безбедносните структури би требало да бидат реформирани до 30. септември.

Приштинската страна која директно не се обрати на медиумите, наведува дека во текот на јуни се очекува и одлуката за прекин на финансисрање на паралелните структури, која би требало да стапи на сила во моментот на итеграција на Србите во косовските институции. Од Приштина велат дека со Белград било договорено и формирање на заедници на српските општини по локалните избори, кои ќе се одржат наесен во рамките на косовските избори.

Преговорите на работните групи за примена на договореното меѓу Белград и Приштина ќе продолжат со работа и идната седмица (11.06) и тоа прво разговорите за телекомуникации и електрична енергија, а потоа и во групи за спроведување на бриселскиот договор. Меѓутоа има се' помалку време на земјите членки на ЕУ до крајот на овој месец да им се покаже и докаже дека првиот Договор меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите почна да функционира на терен. А, тој доказ е услов за натамошен напредок на европскиот пат на Србија и на Косово.