1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Примања на пратениците

Во Германија се разгоре дебатата околу примањата на политичарите, односно на пратениците во сојузниот и во покраинските парламенти, откако се откри дека некои добивале приходи и надвор од примањата како професионални политичари.

Како консеквенца на овие афери, црвено-зелената коалиција има намера поостро да ги казнува ваквите прекршоци:

За разлика од либералите кои стриктно одбиваат такви идеи, претседателката на ЦДУ, Ангела Меркел смета дека треба да се размисли за казнување на оние кои свесно ги прикривале таквите постапки:

“Мислам дека ќе добро да размислиме како да ја подобриме транспарентноста. Мислам дека е добро да се размисли за предлогот на социјалдемократите, посебно за оние кои свесно прикривале. Но, исто така сигурно не треба да ги взруваме пратениците цел живот да бидат обврзани кон политиката“.

Претседателот на Бундесатгот Волфганг Тирзе, пак, смета дека пратениците треба да имаат можност и за дополнителни дејности, се додека се тие пријавени:

"Разбирливо и разумно е пратениците да имаат контакти со професионалните сфери од кои доаѓаат. Во просек, пратениците се во Бундестагот седум, осум години. За да можат да се вратат во својата професија, сосема е разбирливо да одржуваат контакти“.