1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Примателот на социјална помош Уве Мајер од Штутгарт

Уве Мајер веќе 10 години продава улични весници на улиците на Штутгарт. Сега се концентрира да најде работа и стан. Што уште си посакува? Посакува да има девојка и Дортмунд да стане фудбасли шампион!

default

Секој ден Уве Мајер се качува во автобус со куп „Трот-вар“- улични весници под раката. ( „Трот-вар“ е игра со зборови, во изговорот се потпира врз зборот „тротоар“ н.з.). Возењето до местото каде што ги продава весниците е кратко. Тоа е Бад Канштат, во близина на Штутгарт. Кога продавниците на улицата за пазарување ќе отворат, тој облекува една бела престилка, ги реди весниците преку раката и го почнува својот работен ден со еден повик, што ќе го повтори 100 пати во денот:

„Уличен весник ’Трот-вар’, уличен весник ’Трот-вар’!“

Уве Мајер го купува уличниот весник за 85 центи, а го продава двојно. Со малку среќа, бакшишот и добротворните прилози ќе ја зголемат неговата дневна заработувачка. Рано навечер е време за завршување на работното време и за проверка за касата.

Од дното нагоре

„Купувам тоа што ми треба. Остатокот е луксуз“, вели Мајер. Доколку нешто остане, парите не ги става на штедна книшка. Мајер си дозволува два мобилни телефони и интернет-приклучок. „Секогаш гледам, кога ќе ми останат пари, да си дозволам нешто.“

UwMaA2

Мајер знае дека на главната улица во Штутгарт ништо не може да си дозволи

Со приближно 1.000 евра долгови многумина би рекле дека тој всушност не смее да си го дозволи тоа. Сепак, Мајер зрачи со оптимизам и се концентрира на две нешта: безусловно сака да најде нова работа и нов стан.

Со продажбата на весниците Мајер заработува околу 100 евра во месецот. Освен тоа добива и 356 евра социјална помош. Социјалната служба ја плаќа и неговата соба со мебел во еден дом. Уве Мајер сака да излезе оттаму: „Живеам во многу мал простор“, вели тој за неговата соба од 11 квадратни метри. „Би сакал да имам нешто поголемо: 30 до 45 квадрати, како и работа, со којашто ќе заработувам меѓу 7,50 до 8,00 евра на час. Најдобро во некој магацин.“

Мајер знае дека е тешко да најде работа во времиња на економска криза. Сепак, некако е неуништлив.

„Често ми се случуваше да бидам на дното и повторно да станам“, вели Мајер.

Кога-тогаш ќе се смириш

Улични весници продава веќе 15 години, со прекини. Човекот, кој сега делува како оптимистичен сонувач, бил сосема на дното: тој поминал пет години на улиците на Минхен, Хамбург и другите европски градови. Потоа бил три и пол години зад решетки заради кражба на

UwMaA4

„Здраво злато, мојот компјутер е расипан. Ќе ти се јавам утре. Бакнеж.“

автомобили, деликти со дрога и отпор кон службено лице - на еден полицаец под грлото му држел нож со сечило од 40 см. „Пред 10 години бев високоексплозивен“, вели тој. „Ако некој ми се чинеше глупав, веднаш добиваше една по муцката. Но, кога-тогаш ќе се измориш, ќе се смириш.“

Мајер бил алкохоличар. Почнал да пие кога животот му станал многу тежок. Денес веќе не пие и сонува дури да има врска. На интернет запознал една жена. Наскоро ќе ја сретне и во вистинскиот живот.

„Се знаеме само преку интернет, но таа е прекрасна“, вели Мајер. Со жената имал контакт само преку СМС и во виртуелниот свет. Иако тие двајцата на интернет-платформата Фејсбук веќе официјално се свршиле, Мајер е претпазлив и и‘ ја премолчал својата животна ситуација. „Мораме да видиме како ќе се одвиваат работите кога ќе дојде овде.“

Сака да добие тренерска лиценца

Доколку ништо не се случи со интернет-врската, ќе мора својата страст малку повеќе да ја насочи кон фудбалот. Мајер е навивач на Борусија Дортмунд, а понекогаш и

UwMaA3

Секогаш следи што се случува во фудбалот

самиот сака да ја удри топката. На еден фудбалски турнир на уличните весници постигнал „хет-трик“ (три гола во една игра). Желбата да добие тренерска лиценца кај него расте.

Здрави фантазии или настрани будалаштини? „Многу луѓе се откажале. Тие завршиле со својот живот, но јас не. Сакам повторно да се искачам горе. Сакам повторно нормално да му припаѓам на општеството.“

Човек може само да му посака на Уве Мајер да издржи во својата намера, доколку некој од меурите од сапуница се распрсне.

Автор: Шон Синико / Виолета Вај

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

WWW-линкови