1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Прилеп со пари од Европската унија соработува со грчки општини

Прилеп со три проекти за прекугранична соработка со општини во Грција ќе ги користи европските фондови од за периодот 2007 - 2013 година. Два проекти се за економски развој и унапредување на културното наследство.

default

Прилеп и општините на грчка страна ги користат европските фондови за заедничка соработка

Првиот проект за туризмот, насловен „Екотура Лерин – Пелагонија“ ќе ги промовира туристичките локалитети во овој регион и екотуризмот. Вториот се однесува на развојот на претприемништвото, а во него се вклучени битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски” и технолошкиот едукативен институт во Серес.

Главни партнери во третиот проект за културното наследство се општините Прилеп и Воден. Проектот е насловен „Балкански рути на градови-тврдини“ со акроним „Варош“. Тој опфаќа промоција на културното наследство во Варош и доизградба на туристичките патеки, инфо центар и организирање низа настани за промоција на културното и природното наследство во двете општини.

„Проектите со сета документација се испратени на разгледување во канцеларијата на ЕУ во Солун со јасни цели“, вели Винета Иваноска од прилепската локална самоуправа и додава дека реализацијата на сите овие проекти ќе придонесе за поголема промоција на Прилеп и на прекуграничниот регион, подобрување на економскиот развој, креирање нови вработувања и изградба на цврсти релации, пријателства и соработка помеѓу сите вклучени партнери во проектите.

Според неа, воспоставените партнерства ќе имаат голем придонес и при подготовка на други проекти за следните повици од оваа, но и од други програми на ЕУ. Се очекува до декември, до кога ќе трае евалуацијата, да бидат познати првите резултати за проектите кои, што се однесува до македонската страна, чинат околу 900.000 евра.