1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Приказна за сиромашните деца

„Соул бој“ е името на најновото филмско остварување на режисерот Том Тиквер. Филмот, кој е поддржан од германското министерство за развојна помош и Дојче веле како медиумски партнер, е снимен во слам во Најроби.

default

Сцена од филмот

Ова е нивната прва премиера во Кибера која ни за жива глава нема да ја пропуштат. Еден час пред почетокот се собираат над илјада лица за да го видат нивниот филм - приказна од нивниот кварт. Најчесто за овој кварт се објавуваат наслови во весници во негативен контекст како сиромаштија и криминал. Денес не е таков случајот. Филмот „Момче со душа“ („Соул бој“) ја раскажува приказната на момчето Абила. Тој сака да ја спаси душата на својот татко.

Едно од многуте сиромашни деца

Шестнаесетгодишниот Самсон Отхиамбо го глуми момчето Абила. Тој е роден и израснат во Кибера.

Тој е еден од речиси еден милион луѓе кои живеат во овој сиромашен кварт на Најроби, во мало собче и без канализација.

Самсон е навикнат на тесното, на мирисот на фекалиите. Но живее тука без проблем, неговите пријатели се тука. А неговата страст е да глуми во театар.

Снимањето беше нешто сосема ново за него.

„Почувствував дека тие се грижеа за мене. Луѓето кои ми ја пружија оваа можност беа засегнати и сфатив дека во Кибера нема само сиромаштија. Ние имаме тука нешто што целиот свет треба да го види“.

Slum Upgrading in Nairobi

Слам во Најроби

Зрак надеж

Младите од сиромашните региони имаат перспектива, тоа е целта на познатиот германски режисер Том Тиквер. Тој беше продуцент на филмот и беше присутен на премиерата. Тој заедно со хуманитарните организации и една продукциска компанија во Најроби бараше љубители на филмот. Најде многумина кои сакаа да соработуваат бидејќи тука речиси воопшто нема филмови со уметничка вредност.

„Ние се насочивме на тоа дека сакаме да се обидеме да им помогнеме ним и понатаму и можеби, како да кажам, и да и' дадеме и силен поттик на индустријата, но истовремено да поттикнеме и филмски уметници кои сакаат да прават специфични уметнички филмови.“ Чудната жена му дава на Абила седум задачи, кои тој мора да ги реши за да ја спаси душата на татко си.Абила мора да се надмине себеси и да се соочи со сопствените стравови. Тоа е тест на зрелоста, кој тој на крајот го положува.

Филм кој ќе буди надеж

Тиквер и неговиот тим го пронајдоа кенискиот автор Били Кахура за сценариото. Тој ја истражи приказната на лице место како и приказната за духот во Кибера. Најголемиот дел од тимот и сите актери потекнуваат од Кибера. За Тиквер филмот е целосно кениски.

„Централната точка беше еден од овие проекти да не биде таков филм кој изгледа симпатично, се гледа можеби поради интерес за егзотичното, туку таков кој побудува чувство, дека тука има обид навистина да се доживее работата, да се доживее уметничкиот идентитет изразен во вид на филм, кој е присутен и тука.“

Хава Есуман е корежисерката. Младата режисерка по потекло од Гана и Кенија снимила неколку филма, но не работела на ваква копродукција. Сценариото е предизвик за неа.

„Фактот дека се работи за созревање и за народните митови од еден крај кој секогаш бил недоволно добро претставен...и сето тоа претставено во добро светло поради што сум среќна и мило ми е што работев на него.“

Filmszene Soul Boy Berlinale

Том Тиквер, Хава Есуман и Били Кахора

Филмот на многумина им допира до срцата...

„Ми се допадна филмот. Покажува како луѓето живеат во Кибера. Вакви работи се случуваат тука секој ден.“

„Филмот е емоционален и едноставно покажува како е во Кибера. И актерите беа добри. Никогаш не би поверувал дека такво нешто се случува во Кибера.“

„Горд сум на момчето од Кибера. Тие направиле нешто посебно. Нешто, што никој не би го очекувал од едно момче од Кибера.“

Проектот продолжува. Финансиран е со германски средства и од самиот почетокот е поддржан од Дојче Веле. Секоја година треба да се реализира еден филм во некоја источноафриканска земја.

Автор: Јулиа Милке/ Ана Стојиловска

Редактор: Жана Ацеска