1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Приказната за подемот и падот на Кометал Ѓорче Петров

Судбината на ракометниот Кометал Ѓорче Петров е првиот од серијата прилози посветен на растурањето на македонските спортски великани. Зошто тимот што сееше страв низ Европа, сега е само просечен македонски клуб?

default

Само пред 8 години ракометарките на Кометал Ѓорче Петров беа европски првенки. Беа македонска спортска гордост, беа на врвот. Денес се просечен македонски клуб, на работ на егзистенција. Беше ли неминовност ваквиот развој на нештата? Прашање упатено на Иван Бојков, над две децении претседател на клубот:

„Се‘ се одвиваше брзо, вртоглаво. Спонзорот, сопственикот на Кометал, Трифун Костовски, неочекувано се откажа од спонзорството, а ние во траква ситуација не успеавме да најдеме сили, можности клубот да продолжи успешно да работи.“

Ѓорче Петров е една од најубавите македонски спортски приказни

Почетоците на вистинската спортска бајка се во 80-те години. Бојков е еден од основоположниците на клубот.

„После распадот на Југославија стартувавме со фантастични резултати. Направивме бум во Европа. Меѓу првите

Ivan Bojkov

Иван Бојков

успеси беше победата над неприкосновениот Хипо од Виена, екипа која беше 5 години без пораз во Европа! Првиот го доживеа во Скопје! Тоа беше почеток на големиот подем на клубот“, вели Бојков.

Кога корпорацијата Кометал влезе како главен спонзор, започна форсирањето на светските ракометни врвови. Кулминација беше во 2002 година кога Кометал Ѓорче Петров победи во Лигата на шампионите.

„Господинот Костовски и Кометал овозможија непрекинат успех на екипата, нејзино надградување и обезбедување постојано присуство во врвот со постигнатите резултати“, раскажува Бојков.

Од ракометната матица низ која минаа Нацева, Кастратовиќ, Велкова, Абрамова, Радуловиќ, Озел, Бујанова, Кисељева, Дину, Тодоровска, денеска нема ниту трага...

Има ли спас?

За состојбата зборува Владо Давитковски, претседател на Ѓорче Петров, ентузијаст кој се обидува да го спаси големото спортско име од целосно исчезнување.

„Во моментов, по откажувањето на спонзорот, се собравме неколкумина ентузијасти за да го одржиме клубот во натпреварите од Македонската лига. Меѓутоа, за нешто повеќе од сегашната состојба е потребно да се најдат фирми

Vlado Davitkovski

Владо Давитковски

кои би финансирале за повисоки спортски резултати.“

Има ли некаква стратегија за враќање на старите патеки? Давитковски одговара:

„Доставивме писма до многу фирми кои добро стојат во Македонија. Но, за жал, наидовме на мал отпор! Некои наведоа финансиски причини, некои со образложение дека многу се оданочуваат вложените средства во спортот не се нафаќаат да влезат во спонзорство. Така, во моментов, јас не гледам дека може да се подобри состојбата којашто владее!“

Ѓорче Петров ја дели судбината со десетина големи македонски спортски имиња во минатото, како ФК Вардар, РК Пелистер, кошаркарскиот шампион Работнички, одбојкарскиот Вардар. Имаат ли сиве овие имиња заеднички именител во пропаѓањето? Можеше ли државата да застане во нивна заштита?

Автор: Златко Калински

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска