1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Призрен во пресрет на изборите

Граѓаните на призренската општина, етнички најмешаниот крај на Косово, од претстојните избори очекуваат пред сѐ економски напредок. За напредок го сметаат тоа што на изборите ќе излезат и Србите.

„Призрен е познат по соживотот“, вели Нусрет Гаши. „Колку што се сеќавам на првите повоени локални избори, Србите излегоа на изборите и во локалниот совет имаа една претставничка. Лично сметам дека призренскиот совет има потреба во своите редови да има претставници од српската заедница“, вели Гаши.

Kommunalwahlen in Kosovo Vox-pop

Гани Реџа

Гани Реџа повикува на будност. Верува дека „народот ќе се освести“ и ќе знае да одбере подобри претставници од досегашните. „Се распродаде косовското богатство и сѐ е уништено. Луѓето се бркаат од работа, народот бара храна по кантите за ѓубре. Мораме добро да размислиме кому ќе го дадеме гласот“.

Младите се поголеми оптимисти од своите постари сограѓани, иако меѓу нив има најмногу невработени. „Од изборите очекувам подобрување за сите. Да се развие економијата, да се отворат работни места. Економскиот развој треба да биде приоритет во програмите на партиите. Јас сум оптимист и верувам дека ќе биде подобро“, вели младата правничка Шќипа Хаљими.

Србите немаат што да загубат

Филип Недељковиќ верува дека со излегувањето на изборите Србите немаат

Kommunalwahlen in Kosovo Vox-pop

Шќипа Хаљими

што да загубат. Напротив. само ќе профитираат. „Јас сум повратник. Пет години сум тука, но никој не сака ни да ме погледне. Доколку Србите се вклучат во власта во општината, би имале свој претставник кому би можеле да му се обратиме. Излегувањето на изборите би ни донело корист, а не штета“, вели тој. Слично размислува и неговиот сосед, Крсто Спасиќ. „Треба да се излезе на изборите. Доколку не излеземе ние немаме иднина. Немаме ниту еден претставник. Ако треба заеднички да живееме со Албанците и со Бошњаците, тогаш треба заеднички и да гласаме“, смета Спајиќ.

Бошњаците и овојпат ќе останат „најголеми губитници“, оценува Неџад Суљевиќ. Меѓу нив владее голема разединетост, а дополнително и однапред договорената коалиција со Демократската партија на Косово на Хашим Тачи е „непромислен чин“.

„Демократската партија на Косово досега покажа голема несериозност во

Kommunalwahlen in Kosovo Vox-pop

Крсто Спасиќ

работата што се однесува до деградацијата на општината, урбанизацијата и корупцијата. Бошњачките партии за возврат не добиваат ништо. Ќе добијат неколку беззначајни директорски места. Со други зборови, ќе бидат марионети“, вели Суљевиќ.

Локалните избори во 36 општини во Косово ќе се одржат на 3. ноември. На нив ќе учествуваат 105 партии, коалиции, иницијативи и независни кандидати.