1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Признание и критика

Групата Г8 на самитот во Хајлигендам се спогодија да преземат заеднички мерки во процесот на заштита на климата. Спогодбата наиде на различно ехо –едни критикуваат, други и одааваат признание.

default

Климата, тема на самитот во Хајлигендам

Канцеларката Ангела Меркел и Сојузната германска влада постигнаа важен чекор напред во процесот на заштита на климата оцени Ахим Штајнер, раководителот на програмата за заштита на животна средина при ОН. Според него спогодбите се етапна цел во смисла на целокупниот климатски процес. Американскиот претседател Џорџ Буш сега се обврза и дека неговата земја ќе учествува на светската климатска конференција во декември на Бали, такво нешто порано немаше смета Штајнер.

Самитот донесе пробив

Bundesumweltminister Sigmar Gabriel steht vor einem Filmplakat des mit zwei Oscars ausgezeichneten Films Eine unbequeme Wahrheit von Al Gore

Комромисот е пробив, Зигмар Габриел

И германскиот министер за животна средина Зигмар Габриел со поглед кон престојната климатска конференција постигнатото на самитот на Г8 го оценува како важен чекор

„Сепак мора да се каже Хајлигендам се разбира е пробив бидејќи Американците по шест години ја прекинаа блокадата. Се вратија назад и дури велат мораме да изработиме наследник на Кјото протоколот. Зборот Кјото американскиот претседател го немаше употребено шест години. Вака погледнато направивме значаен чекор.“

Кртика од СПД и Зелените во Германија

Компромисот кој Г8 го постигна по прашањето за заштита на климата наиде и на критика во редовите на СПД и Зелените. Државниот секретар на министерството за животна средина Михаел Милер, за весникот Ноје пресе истакна дека решението не е задоволувачко.

Шефот на Зелените Рајнхарт Битикофер смета дека планот на Ангела Меркел пропаднал „Таа рече дека не стои зад матни работи, туку се залага за јасен текст и дека е подготвена ставот да го задржи и пред господин Буш. Но за тоа сега воопшто не може да стане збор.“ истакна Битикофер.

Криткува и Ренате Кинаст, претседател на пратеничката група на Зелените во Бундестагот „Сите научници велат: до 2020 година рапидно мора да се намали емисијата на CO2. Што приоизлезе од оваа средба? Нема спогодба за 2020 година, ниту едан конкретна мерка туку формулацијата дека ќе се земе в предвид да се преполови емисијата на издувни гасови до 2050 година.“ искана Кинаст.