Македонскиот дипломат во НАТО, Нано Ружин, го доби признанието - амбасадор на годината во алијансата. Одлуката доаѓа во пресрет на решавањето – дали Македонија да се покани или не за влез во НАТО.
Нано Ружин
На помпезната свеченост во средновековната палата “Егмон“, која порано му припаѓала на белгискиот крал, синоќа доминираше Македонија. Настанот беше симболика на солидарноста со Република Македонија и нејзините напори да добие покана за влез во алијансата, вели за Дојче Веле, Нано Ружин.