1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Признание за допинг од велосипедистот Дитц

Поранешниот професионален велосипедист , член на германскиот тим Телеком Берт Дитц ги потврди обвинувањата за допинг во оваа екипа. Во интервју за првиот канал на германската телевизија, тој призна дека и самиот употребувал допинг средства. Покрај тоа Диц обвини двајца поранешни лекари во тимот на Телеком дека систематски им одредувале на велосипедистите допинг средства. Дитц до 1998 година беше член на тимот на Телеком заедно со Јан Улрих кој во 1997 година беше победник на најпрестижната трка Тур Д Франс.