1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Придавката „македонски“ исчезна од европските извештаи

Според Шеќеринска, добра вест во Извештајот е задржувањето на препораката, а лоши се критиките и неспоменувањето на придавката. Според претставничката на Европската Комисија, немало потреба од такво нешто

default

Претседателката на Националниот совет за евроинтеграција и пратеник на СДСМ Радмила Шекеринска денеска оцени дека е добро што во Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија за 2011останува препораката за почеток на преговори, но оти е лошо што има критики и што во документот не се споменува терминот „македонски“.

„Од Брисел пристигнаа една добра и две лоши вести. Добрата е дека европската препорака се уште стои. Лошата дека Европската комисија има повеќе критики за широко распространетата корупција, притисокот врз медиумите, партизираноста во администрацијата и судството и високата невработеност, особено кај младите. Придавката „македонски„ сосема исчезна од европските извештаи, рече Шекеринска, додавајќи оти таа била содржана во извештаите во 2005 и 2006 година.

Директорот на Директоратот за проширување на Европската унија, Александра Кас Гранје на денешната прес-конференција на која го презентираше извештајот за напредокот на Македонија, ниту еднаш не го спомена името на земјата. И во годинешниот извештај на Европската комисија е изоставена придавката „македонски“.

Гранје изјави дека во извештајот немало ниту потреба да се користи името на земјата и Комисијата не направила некои посебни осмислени напори да не го дозволи тоа.

„Извештајот за напредок не е за проблемот со името, туку прашањето на извештајот е каде стоите во однос на постигнувањето на напредокот за критериумите на членство. Прашањето за името е билатерално прашање и за него се борите во една друга арена, но не во арената на Европската унија. Вие се надевате и јас се надевам, а се надевам и вашиот премиер и претседател, мојот претседател, сите ние се надеваме дека ова прашање во блиска иднина ќе биде решено“ рече Гранје.

По вчерашната колективна оставка на Државната пописна комисија (ДПК) Гранје порача дека пописот мора да биде спроведен на мирен начин и да ја одразува вистинската слика за земјата.

„Ние ја охрабруваме коалиционата влада во консултации со опозиционите партии

и етничките заедници да создадат една соодветна средина која ќе овозможи соодветно и сигурно спроведување на пописните активности. Процесот на пописот мора да биде кредибилитетен за сите политички партии и за сите етнички заедници и технички не треба да има никакви прашања и двојби во однос на него“ порача Гранје.

Гранје уште еднаш повтори дека се потребни дополнителни реформи во судството, јавната администрација и слободата на изразувањето.

Автор: БГ/макфакс/миа

Редактор: Симе Недевски

Поврзана содржина