1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Приватноста не е криминал

Илјадници луѓе во Берлин демонстрираа за подобра заштита на личните податоци и против надзорот од страна на државата и приватниот економски сектор. Манфестацијата беше дел од акцијата што се одржуваше ширум светот.

default

Учесник на протестите во Берлин со маица со натпис „Приватноста не е криминал“

„Слобода наместо страв - стоп за лудилото наречено набљудување“ под ова мото маршира повеќе илјади демонстранти во Берлин.На вчерашните протестите во Германија повикаа повеќе од 160 организации, меѓу нив партии, синдикати и органзации за човековите права. Протестот беше насочен против секаква форма на масовно собирање податоци и нивно искористување, особено против одредбата на Европската унија за складирање на меморирани податоци, која пред две години ја усвои и германскиот Бундестаг, само Ирска и Словечка одбија да ја усвојат оваа одредба. Со неа се регулира, сите телекомуникациски податоци да мора да бидат меморирани шест месеци. Заговорниците сметаат дека тоа е ефикасно средство против терористите и тешките криминалци,

Polizei nutzt in Regensburg Videokameras zur Überwachung Symbolbild Überwachungsstaat Staatliche Überwachung

но поборците за заштита на податоците и за човекови права го отфрлаат ова.

Злоупотреба на модерните телекомуникациски технолигии

Тие сметаат дека на тој начин целото население се наоѓа под генерален сомнеж и со помош на натамошни методи на набљудување би можело да се направи профил за движењето на некоја личност. Шефот на синдикатот Верди Франк Бсирске во говорот пред насобраните демонстранти упати на злоупотребата на модерните комуникациски технологии „Навистина со употребата на техниката за информации и комуникации изби лудило за контрола од страна на државата, во економјата и работниот свет. Така што наидуваме на работодавачи кои ги третираат своите соработници во поглед на заштитата на податоците како да се нивна сопственост.“

Шефот на синидкатот „Вер.ди“ упати и на големиот број скандали во државни и приватни претпријатија, каде беа шпионирани стотици илјади вработени.

Автор: Марсел Фирстенау / Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски