1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Приватизацијата во Грција напредува

Рејтинг агенцијата Фич оцени дека Грција е на пат на опоравување. Напредува намалувањето на долговите, што, меѓу другото, се должи и на приватизацијата на државен имот. Но останува уште многу работа.

Стелиос Ставридис може во целост да се означи како економски неолиберал - претприемач, претседател на Управни одбори на повеќе големи грчки фирми, политичар од една мала неолиберална партија и згора на се' - човек кој не се стеснува од дискусии и кавги. Тоа е вистинскиот човек, си помисли грчкиот премиер Андонис Самарас, и пред неколку недели го постави Ставридис за нов раководител на државниот Уред за приватизација ТАИПЕД.

Само кратко време потоа Ставридис веќе лиферуваше и резултати. Една третина од државната лотарија ОПАП е приватизирана за 652 милиони евра, а ја купи чешко-грчко-италијански инвестициски конзорциум. Ставридис изјави дека продажбата има двојно значење: „Се испраќа сигнал дека е успешно направен голем чекор напред.“ Грција успева среде криза и се' уште постоечка несигурност да привлече големи странски инвеститори. „Многу поважна, меѓутоа, е пораката што е поврзана со тоа, а тоа е дека грчката влада е решена да продолжи со процесот на приватизација.“

Погрешно време за приватизации?

Овој процес досега не успеваше пред се' поради утописки претстави за тоа колку пари треба да се заработат од приватизациите. Првично, се сметаше дека од приватизацијата на државен имот до 2015 година во буџетот би требало да се слеат дури 50 милијарди евра. Сега на работите се гледа пореално. За годинава се предвидени 2,6 милијарди, а за наредната година 1,9 милијарди вера. До 2020 година, според поставената цел, треба да се добијат 25 милијарди евра.

Stelios Stavridis Leiter der Privatisierungsbehörde in Griechenland

Стелиос Ставридис

Многумина во Грција се сомневаат дека сега е вистински момент за приватизации и тоа го образлагаат со фактот дека цените, споредено со времето пред кризата, се намалени за 30 до 40 проценти. Стелиос Ставридис реагира категорично: „Нема погрешен момент. Грција во моментов има еден и пол милион невработени. Треба ли да чекаме овие луѓе да умрат чекајќи на вистински момент?“ И како воопшто да има пораст ако се дозволува пропаст на сопствените фирми и сопствеништво, прашува Ставридис и одговара: „Не, ова е апсолутно вистинскиот момент, часовникот отчука 12.“

Ставридис со државата поврзува пред се' поими како „лоша управа“, „расипништво“, „грабежи“. Затоа, според него, многу логично е дека треба да се приватизира најбрзо што е можно. Притоа, нема да се прифитира само од продажбата или изнајмувањето, туку многу поважно е што инвеститорите по купувањето на некоја фирма потоа продолжуваат со инвестиции во Грција и на тој начин ќе се отворат стотици илјади нови работни места.

Се бараат странски инвеститори

Пристаништата во Атина и Пиреј, аеродроми кои како поранешниот атински Хеленикон не се користат, хотели, згради и земјиште, водоводи во Атина и Солун, претпријатијата за дистрибуција на гас ДЕПА и ДЕСФА, железничката мрежа - Ставридис не може да престане да набројува кога зборува за потенцијалните објекти на приватизација. Но кој сето тоа ќе го купи? „Наша цел е да привлечеме големи инвеститори од Кина, Русија, Европа, САД. Освен тоа, улога може да играат и Грци, во рамки на џоинт венчрс.“ Притоа не смее да се заборави дека од кризата е погодено целото грчко стопанство и дека грчките

angler athen /im hafen

Пристаништето во Пиреј е потенцијален објект за приватизирање

претпријатија се тешко погодени. „Тие веќе ги немаат можностите од пред пет-шест години. Затоа грчките инвеститори ќе играат помала улога“, оценува Ставридис.

До пред само две години вакви изјави значеа заминување во политички аут. По ваква изјава ќе следеа обвинувања дека се предаваат националните интереси и дека дури се работи за велепредавство. Во меѓувреме, продажбата ма државен имот на странски инвеститори станаа официјална политика на владата, а човек како Стелиос Ставридис има добри шанси еден ден да биде славен како национален херој.