1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Приближување на Белград и Берлин?

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле престојува во посета на Белград, во чиј фокус е договорот меѓу Србија и Косово и проблемите во неговото спроведување.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле по враќањето од Алжир во Берлин само го замени авионот и одлета за Белград. Таму го пречека потпреседателот на српската влада и министер за одбрана Александар Вучиќ. Непосредно пред доаѓањето на германскиот министер за надворешни работи во Белград, српскиот претседател Томислав Николиќ, опишувајќи го односот на Берлин кон Белград и неговата косовска политика, ги употреби зборовите „уцена“ и „искушение“. Таа изјава, поради нејзината неумереност, предизвика внимание во германските дипломатски кругови. Гидо Вестервеле уште пред слетувањето на белградскиот аеродром на новинарите им рече дека не сака да ја коментира изјавата на Николиќ, но оти особено се радува на разговорот со него.

Меѓутоа, кога на ред дојде проценката за неговиот прв соговорник и домаќин Алексндар Вучиќ, германскиот министер не остави место за можна иронија туку беше со пофални зборови за него, тој кажа дека Вучиќ е жилав политичар, но: „тој тоа што го кажува, тоа и го прави“. Освен тоа, Вестервеле нагласи оти со Вучиќ изградил однос во кој се навистина можни доверливи разговори.

Срдечен пречек

Bundesaußenminister Westerwelle Besuch Serbien Beldgrad

Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле и српскиот вицепремиер Александар Вучиќ

Дека германскиот министер и клучниот политичар на српската политичка сцена добро се разбираат можеше да се види и по срдечниот пречек и прегратка, со кој вообичаено воздржаниот Вучиќ го пречека Вестервеле. Нагласено лежерниот пречек и вечерата во приватна атмосфера, на која гермаскиот министер беше повикан од страна на Вучиќ, речиси демонстративно го нагласуваат новото партнерство меѓу Белград и Берлин.

Сите разговори во Белград, со највисоките државни преставници во Србија  се фокусирани на договорот кој немодамна го потпишаа Белград и Приштина во Брисел, на тешкотиите околу неговото спроведување и германската проценка дали Србија навистина заслужила да се отвори преговорачки процес за присапување во ЕУ.

Спроведувањето на договорот во интерес на ЕУ

Берлин очекува сериозен напредок во спроведување на овој договор. Причините за тоа Вестервеле ги наведе пред слетувањето во Белград: „Дали се Србија и Косово европски земји? Да. Дали е Европа одговорна за сигурноста во тој дел на светот? Да. Дали европската интеграција на Србија и Косово е најдобра гаранција за сигурност? Да. Затоа сме подготвени да го поддржиме спроведувањето на Бриселскиот договор, тоа е во наш интерес. Ако сакаме германските војници побрзо да се вратат дома од Косово, тогаш мораме силно да ги поддржиме овие процеси.“

Вучиќ многу едноставно ги опиша очекувањата на Белград, Берлин не го поддржува само европскиот пат на Србија туку и економскиот развој. При тоа Вучиќ кажа јасно и гласно „нашите германски пријатели“, што е очигледно придвижување на политичкиот говор во правец на подобрување на односите меѓу Белград и Берлин.